По седумгодишна пауза младиот и талентиран виолинист Џафер Џафери ќе ја има својата нова средба со македонската публика. Овојпат тој ќе се претстави со рецитал во Културно-иформативниот центар во Скопје на кој ќе биде придружуван од познатиот аргентински пијанист и професор на Универзитетот во Мајнц – Хосе Гаљардо. На програмата се дела од класиците Барток, Брамс, Масне, Крајслер и Рахмањинов.
Џафери, во предвечерието на својот настап, вели дека овој одбир го подготвувал подолго време и дека неговата цел е не само да ги изрази сопствените чувства, емоции и виртуозноста што ја поседува, туку сето она што го подготвил да биде убаво прифатено од љубителите на музиката.
„За овој настап сум и среќен и едновремено возбуден бидејќи зад мене е една навистина долга пауза. Јас заминав од Македонија како млад талент и сега се враќам со завршени студии и веќе како постдипломец на Конзерваториумот во Мајнц, Германија. Свесен сум за големата одговорност што стои пред мене, но навистина е убаво чувството повторно да и се претставам на македонската публика. Одбрав програма во која во првиот дел се бартоковата „Рапсодија“ и „Сонатата за виолина“ од Јоханес Брамс кои се доста драматични и сериозни дела, а вториот дел е со пократки и виртуозни композиции и кантилени,
бавни мелодии, за кои сум сигурен дека ќе им се допаднат на посетителите на рециталот.“
Роден 1988 година во Тетово, Џафер Џафери тајните на виолината започнал да ги открива на осумгодишна возраст за да потем средното образование го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на професорот Иле Темков. Од 2006 студирал на Конзерваториумот „Петер Корнелиус“ во Мајнц, каде дипломирал со највисока оценка во класата на Ервис Гега. Своето натамошно професионално усовршување го продолжил во Фиренца кај прочуениот солист и педагог Павел Верников и во Мајнхајм во Државната школа за музика кај Дора Брачкова. Учесник е на повеќе семинари и мастер класови раководени од светски познати солисти и добитник на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист и репродуктивен уметник досега има музицирано во земјите од регионов, Словенија, Италија и Полска, а член е и на неколку симфониски оркестри во Германија со кои реализирал повеќе концертни турнеи и снимил дузина носачи на звук во Европа, Јужна Кореја и во САД.
Сепак, и покрај ваквите успешни исчекори Џафери за себе истакнува дека е сеуште млад уметник и дека не смета оти може да каже дека има „некоја интернационална кариера“.
„За да се направи кариера во секоја област, па и во музиката, треба да се вложи огромен труд. Човек не може никогаш да предвиди до каде ќе стаса, но во мојот случај долгогодишната активност и сето она што досега сум го вложил полека излегуваат на виделина што мене ме прави среќен, но убеден сум дека ќе треба уште многу, многу напорна работа.“
Виолинистот дополнува дека на својата 24-годишна возраст и нема некој момент што би сакал посебно да го одвои, оти како што вели секој нов перформанс го доживува како посебен професионален предизвик. Од таму не случајно тој со нагласено внимание ги очекува и веќе закажаните концертни настапи.
„Следниот концерт ми е во Приштина. Со Хозе Гаљардо ќе свириме на прославата за Денот на Европа - 9 мај. Потем сум во Германија, во Хајделберг каде ќе свирам заедно со професори од Академијата во Мајнхајм и потоа следуваат концерти со трио на кои ќе настапувам со познати германски репродуктивни уметници.“
Од друга страна, Хосе Гаљардо е познат аргентински пијанист кој подолго време живее и работи во Европа. Музичкото образование го започнал на петгодишна возраст на Конзерваториумот во родниот Буенос Аирес, за да потем студиите ги продолжи на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот во Мајнц, Германија. Дипломирал 1997 година во класата на професор Милднер, а добитник е на значајни награди и признанија на националните и меѓународните натпревари. Реализирал бројни настапи на европските фестивалски сцени и во престижните светски концертни сали, а соработувал со видни музички имиња како Гидон Кремер, Џошуа Бел, Вероник Хаген, Бенџамин Шмит и други. Има богата дискографска дејност снимајќи за ЕМИ-класик, „Наксос“, „Челинџ рикордс“, како и трајни телевизиски и радио снимки за Би-Би-Си, РАИ и други компании.
Од 1998 година е предавач на Универзитетот во Мајнц, а од 2008 и во „Леополд- Моцарт центарот“ во Аузбург, Германија.
За овој настап сум и среќен и едновремено возбуден бидејќи зад мене е една навистина долга пауза. Јас заминав од Македонија како млад талент и сега се враќам со завршени студии и веќе како постдипломец на Конзерваториумот во Мајнц, Германија. Свесен сум за големата одговорност што стои пред мене, но навистина е убаво чувството повторно да и се претставам на македонската публикаЏафер Џафери, виолинист.
Џафери, во предвечерието на својот настап, вели дека овој одбир го подготвувал подолго време и дека неговата цел е не само да ги изрази сопствените чувства, емоции и виртуозноста што ја поседува, туку сето она што го подготвил да биде убаво прифатено од љубителите на музиката.
„За овој настап сум и среќен и едновремено возбуден бидејќи зад мене е една навистина долга пауза. Јас заминав од Македонија како млад талент и сега се враќам со завршени студии и веќе како постдипломец на Конзерваториумот во Мајнц, Германија. Свесен сум за големата одговорност што стои пред мене, но навистина е убаво чувството повторно да и се претставам на македонската публика. Одбрав програма во која во првиот дел се бартоковата „Рапсодија“ и „Сонатата за виолина“ од Јоханес Брамс кои се доста драматични и сериозни дела, а вториот дел е со пократки и виртуозни композиции и кантилени,
За да се направи кариера во секоја област, па и во музиката, треба да се вложи огромен труд. Човек не може никогаш да предвиди до каде ќе стаса, но во мојот случај долгогодишната активност и сето она што досега сум го вложил полека излегуваат на виделина што мене ме прави среќен, но убеден сум дека ќе треба уште многу, многу напорна работа.Џафер Џафери, виолинист.