По тригодишна пауза од последното рецитално претставување, Марија Ѓошевска со нова програма ги кани вљубениците во убавата музика на својот нов перформанс во Музеј на град Скопје. Овојпат пијанистката за која е забележано дека „поседува мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност“, се реши да се претстави со дела на големите Шуберт, Шопен и Дебиси. За ваквиот одбир, Ѓошевска, вели дека е инспириран од двегодишниот европски проект во кој учествувала заедно со нејзините колеги Дино Имери и Тања Божиновска и во рамките на кој, сем во Македонија, музицирале и мастер класови посетувале и во Молдавија, Австрија, Полска и во Франција.
„Од Дебиси ја одбрав композицијата „Остров на радоста“, затоа што мислам дека после Шубер и Шопен би одговарало да внесеме и малку радост во самиот рецитал, а и одговара за неговиот крај затоа што завршува во една таква атмосфера. Јас секогаш ги конципирам моите рецитали да завршат радосно, свечено и мислам дека Дебиси е музика која што многу се надоврзува на музиката на Шопен во смисла на односот кон звукот и можеби донекаде естетиката затоа што Шопен и Дебиси биле најдобрите пијанисти на своето време и се издвојуваат од останатите композитори можеби по тоа што создале еден суптилен и впечатлив однос кон пијаното. “
Уметницата дополнува дека таа, всушност, сака на публиката да и ги пренесе импресиите што самата ги доживеала на своите патувања и вели дека музиката која што ја изведува носи една таква енергија – нешто што е доживеано и што сака да го сподели со другите.
„Во мојата интерпретација големо влијание има и тоа што ми се случува во животот. Јас сум мајка, сопруга и веројатно во голем дел и таа мајчинска енергија и таа енергија што животот ја создава во голем дел се пренесува на мене како изведувач. Јас сум и професор на Факултетот за музичка уметност. Имам голема класа и моите студенти во голема мера се моја инспирација.“
Ѓошевска заедно со Владимир Костов, виолинист и концерт мајстор на Македонската филхармонија и Александар Котевски, нејзин сопруг, виолончелист и уметнички директор на Операта, често настапуваат и како камерно трио „ВАМ“. Сепак, таа, потенцира дека наспроти тие перформанси или оние со големите оркестри, годинава одлучила да си ја посвети на себе и серијата рецитали што треба да ги одржи во земјава и во странство.
„Во најава имам и рецитал во Индонезија, односно во Џакарта за кој скопскиот рецитал практично ќе биде некаква подготовка. При крајот на годината очекувам и концерт во Бугарија со тамошен симфониски оркестар за кој сè уште не знам што ќе изведувам, но сум со одредени размислувања.“
Родена 1980 година, Марија Ѓошевска дипломирала, магистрирала и докторирала ( 2009) на Факултетот за музичка уметност во класата на професор Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на бројни државни и меѓународни натпревари ( ...три први награди на републичките натпревари по пијано, во 1995 беше финалист на меѓународниот натпревар во Усти над Лабен – Чешка; 1996 – финалист на меѓународниот натпревар во Сенегалија – Италија; 1997 ја освои третата награда на меѓународниот натпревар „Никола Рубинштајн“ во Париз – Франција...), а како солистка и камерен музичар настапувала на реномираните фестивали во регионов, ширум Европа и во САД. Зад себе има бројни концерти со Македонската филхармонија, Дубровачки симфониски оркестар, камерниот оркестар на МММ и Фестивалскиот оркетар на „Охридско лето“.
Во мојата интерпретација големо влијание има и тоа што ми се случува во животот. Јас сум мајка, сопруга и веројатно во голем дел и таа мајчинска енергија и таа енергија што животот ја создава во голем дел се пренесува на мене како изведувач. Јас сум и професор на Факултетот за музичка уметност. Имам голема класа и моите студенти во голема мера се моја инспирација.Марија Ѓошевска, пијанистка.
„Од Дебиси ја одбрав композицијата „Остров на радоста“, затоа што мислам дека после Шубер и Шопен би одговарало да внесеме и малку радост во самиот рецитал, а и одговара за неговиот крај затоа што завршува во една таква атмосфера. Јас секогаш ги конципирам моите рецитали да завршат радосно, свечено и мислам дека Дебиси е музика која што многу се надоврзува на музиката на Шопен во смисла на односот кон звукот и можеби донекаде естетиката затоа што Шопен и Дебиси биле најдобрите пијанисти на своето време и се издвојуваат од останатите композитори можеби по тоа што создале еден суптилен и впечатлив однос кон пијаното. “
Уметницата дополнува дека таа, всушност, сака на публиката да и ги пренесе импресиите што самата ги доживеала на своите патувања и вели дека музиката која што ја изведува носи една таква енергија – нешто што е доживеано и што сака да го сподели со другите.
Во најава имам и рецитал во Индонезија, односно во Џакарта за кој скопскиот рецитал практично ќе биде некаква подготовка. При крајот на годината очекувам и концерт во Бугарија со тамошен симфониски оркестар за кој сè уште не знам што ќе изведувам, но сум со одредени размислувања.Марија Ѓошевска, пијанистка.