Достапни линкови

Премиера на „Елегија за рамно“ во МКЦ


„Елегија за Рамно“ е насловен танцово-визуелниот перформанс чија премеиера ќе се случи оваа сабота во 20.30 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје. Претставата е копродукција на Локомотива и „Ребека Шентинел компани“ и се реализира во рамките на проектот „Градина на Европа“.

Рамно е село во северо-источниот дел од Македонија, со популација од 21 жител. Селото било заборавено од македонските институции се до неодамна, кога во неговата околина била пронајдена камена плоча на која на латински била изгравирана синтагмата Primus inter pares – Прв меѓу еднаквите. Овој израз се користел во време на Римското царство со цел да се посочи дека сите се еднакви, но дека секогаш постои еден кој е поважен од другите, најчесто Императорот, некој религиски водач, или некој трет со поголема политичка моќ.
Сакаме да ги тестираме различните модели на еднаквост и што бара еднаквоста како таква. Притоа не се правиме експерти за еднаквост затоа што сигурно стопати сме пропаднале пробувајќи ја. Да го отвориме прашањето за еднаквост во јавноста посебно во светот на уметниците кои пропагираат еднаквост, а можеби не ја живеат“.
Драгана Заревска, уметник.

Тргнувајќи од ваквото сознание, Швеѓанката Ребека Шентинел и македонските уметници Драгана Заревска, Јасна Димитровска и Дарко Алексовски, ја создадоа сопствената „Елегија за рамно“, танцово-визуелниот перформанс во кој тие преку личните искуства се обидуваат да го одразат односот помеѓу хоризонталната организација предложена како концепт, и нејзините практични манифестации. Всушност, јазот помеѓу теоретската и практичната еднаквост која во делото е именувана како „хоризонтална монархија“.

„Сакаме да ги тестираме различните модели на еднаквост и што бара еднаквоста како таква. Притоа не се правиме експерти за еднаквост затоа што сигурно стопати сме пропаднале пробувајќи ја. Да го отвориме прашањето за еднаквост во јавноста посебно во светот на уметниците кои пропагираат еднаквост, а можеби не ја живеат“, истакнува Драгана Заревска.
„Градина на Европа“ е европски проект кој што трае веќе пет години и кој годинава завршува. Тоа е проект во кој се вклучени повеќе од 10 европски организации и кој се стреми за професионализација на современиот танц и на истражување и воведување на нови методи на едукација, копродукција и соработка во полето на современите изведувачки уметност. Билјана
Тануровска Чулафковски, Локомотива.

Таа дополнува дека тие јавно сакааат да прашаат дали хоризонталната структура не е само маска за божемна синдикалност, мобинг или пасивна агресија помеѓу соработниците. Всушност, дали Рамно навистина постои?
Авторите забележуваат дека во „Елегија за Рамно“ има многу локални елементи карактеристични за нас, но воошто нетипични за европските земји и посебно за Шведска, та затоа тие се обиделе контекстуално да ја преведат претставата.

„Првата работа е што луѓето ја разликуваат уметничката тематика во различни контексти во различни држави. И овој пат имаме локален контекст на перформансот. Според мене, проектот е асоциран со севкупната европска тематика и добро се преведува во тој контекст за кој се надеваме дека ќе го обележи ова дело“, вели Ребека Шентинел, која во изминативе неколку години има неколку заеднички проекти со македонските уметници и посебно со Заревска.

Инаку, претставата е копродукција помеѓу нејзината „Ребека Шентинел компани“ и нашата Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, а се реализира во рамките на проектот „Градина на Европа“.

„Градина на Европа“ е европски проект кој што трае веќе пет години и кој годинава завршува. Тоа е проект во кој се вклучени повеќе од 10 европски организации и кој се стреми за професионализација на современиот танц и на истражување и воведување на нови методи на едукација, копродукција и соработка во полето на современите изведувачки уметност. Локомотива е една од организациите во мрежата на тој проект и веќе со години преку разните активности инвестира во развој на ова поле на уметност, во развој на продукцијата, во развој на критичката мисла и исто така во развој на нови методи на едукација“, забележува Билјана Тануровска Чулафковски, од Локомотива.

„Елегија за Рамно“ е подржана од Програмата на Европската унија за култура (2007 – 2013), Шведскиот комитет за уметност, Шведскиот совет за уметност и Министерството за култура на Република Македонија, а авторите и изведувачите очекуваат, сем во обете земји, да биде прикажана и на повеќе сцени на Стариот континент.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG