Достапни линкови

Александар Пејовски со ФИРОМ Реквием во МКЦ


Александар Пејовски, македонски композитор.
Александар Пејовски, македонски композитор.

„ФИРОМ реквием“ е насловен концертот на македонскиот композитор Александар Пејовски што ќе се одржи утревечер од 21 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Станува збор за праизведба на четири нови дела и за музичко-идеолошки омаж на американскиот и источноевропскиот минимализам од седумдесетите години на минатиот век. Во изведбата учествуваат Женскиот младински хор и камерен оркестар под диригентство на Сашо Татарчевски, а ќе бидат користени и ленти.

„Одбројување“, „Ерга омнес“, „Транс Фиром експрес“ и „Миса Бревис – во сеќавање на Хенрик Миколај – Горецки“ (со пет става: „Кирије“, „Глорија, „Кристе“, „Амен“ и „Агнус Деи“), се четирите композиции напишани за женски хор, гудачки оркестар, пијано, органа, харфа, челеста и лента што го чинат концертот „Фиром реквием“ на Александар Пејовски. Всушност, како што ќе забележи уметникот, се работи за музичко-идеолошки омаж на американскиот и источноевропскиот минимализам од седумдесеттите години на 20-от век.
Музиката не мора да пренесува некаква порака. Иако има влијание од дневната политика, сепак е тоа направено со една цинична, иронична дистанца. Не станува збор за заземање некаков политички став. А, ако веќе морам да кажам нешто по тоа прашање, мислам дека постои суштинска разлика помеѓу политичка свесност и партиска припадност. Тоа е единствено нешто што би го издвоил од аспект на политика, а од друга страна делото претставува музички омаж на американскиот и источноевропскиот минимализам од 1970-те.
Александар Пејовски, композитор.

„Музиката не мора да пренесува некаква порака. Иако има влијание од дневната политика, сепак е тоа направено со една цинична, иронична дистанца. Не станува збор за заземање некаков политички став. А, ако веќе морам да кажам нешто по тоа прашање, мислам дека постои суштинска разлика помеѓу политичка свесност и партиска припадност. Тоа е единствено нешто што би го издвоил од аспект на политика, а од друга страна делото претставува музички омаж на американскиот и источноевропскиот минимализам од 1970-те.“

Александар Пејовски.
Александар Пејовски.
Пејовски дополнува дека нема автор кој што не се инспирирал од времето во кое што живее и дека така било одамна. Тој вели дека сега постои еден тренд на лажни, неталентирани луѓе кои што се насочени кон квази-активизмот и дека на тој начин тие во него ги реализираат неуспехот и сета своја неталентираност. Забележува дека тоа се случува уште од времето на дадаистите и дека на тој начин им се дава легитимитет на неталентираните да си поигруваат.
Ако сте уметник кој што работи на тоа да добие некаква награда тогаш не сте уметник и не ја заслужувате истата таа награда. А, ако веќе сте ја добиле тогаш секако дека значи некакво признание и некаква потврда дека ете некој ве забележал, дека постоите, дека работите...но во никој случај тоа не го гледам како некој документ кој мене лично ќе ме оправда да не работам понатаму бидејќи ете веќе сум ја добил наградата, па макар било тоа и оскар. „Панче Пешев“ е еснафска награда и јас најискрено им се зачудив зошто ме предложиле и што воопшто ми ја доделија, но во секој случај им благодарам, иако сметам дека се работи за „администрација“, и таа награда ќе ја добие секој македонски композитор во иднина.
Александар Пејовски, композитор.

„За мене сепак музиката е прво занает, а потоа сè друго. И уметноста воопшто. Значи ако нема уметност, ако нема внатре музика или слика, џабе каква било политичка или идеолошка порака. Ако воопшто имаш да соопштиш некаква парола или политички памфлет тогаш кажи си го на портал, кажи си го било каде. Зошто ти е музика или слика како медиум ако тоа ти е на второ место. Сакал или не, уметникот е сам по себе ангажиран со тоа што е уметник. Тој е коректор, антиципатор, сè!“

Роден 1979 година во Скопје, Александар Пејовски дипломирал на Факултетот за музичка уметност. Класична композиција работел со професорот Томислав Зоографски, а џез хармонија и аранжирање со Илија Пејовски. Неговиот опус вклучува камерна, симфониска, хорска, биг-бенд и електронска музика. Напишал музика за три играни долгометражни, дваесеттина кратки филмови и за три театарски претстави. Досега има објавено шест албумски изданија - „Змеј од хартија“, „Homage To The Teachers“, „Norway.Today“, „Дискреирање мантра“, „Le Tombeau“ и „Path“ со составот Тројка (заедно со Владимир Николов и Драган Гоневски), а неговата музика сем во Македонија е изведувана во Хрватска, Италија, Германија, во САД и во Јапонија.

Во 2004 година творбата „Луѓе“ добива прва награда за оригинална композиција и аранжман на Барга џез фестивалот во Италија, две години подоцна со композицијата „Хаикјуб 575“ е избран во потесната, интернационална селекција на „Токио косеи винд оркестар“, ансамблот кој потем неговото дело ќе го изведе во прочуениот „Фумон кан хол“ во јапонската метропола. Пејовски е и актуелен добитник на наградата „Панче Пешев“ што на фестивалот Денови на македонска музика ја доделува СОКОМ.

„Ако сте уметник кој што работи на тоа да добие некаква награда тогаш не сте уметник и не ја заслужувате истата таа награда. А, ако веќе сте ја добиле тогаш секако дека значи некакво признание и некаква потврда дека ете некој ве забележал, дека постоите, дека работите...но во никој случај тоа не го гледам како некој документ кој мене лично ќе ме оправда да не работам понатаму бидејќи ете веќе сум ја добил наградата, па макар било тоа и оскар. „Панче Пешев“ е еснафска награда и јас најискрено им се зачудив зошто ме предложиле и што воопшто ми ја доделија, но во секој случај им благодарам, иако сметам дека се работи за „администрација“, и таа награда ќе ја добие секој македонски композитор во иднина.“

Кон ова само уште информацијата дека концертот „Фиром реквием“ на Александар Пејовски што ќе се одржи во МКЦ ќе биде во изведба на Женскиот младински хор и на камерен оркестар под диригентство на Сашо Татарчевски, притоа ќе бидат користени и ленти, а влезот е слободен.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG