Достапни линкови

Заев - Ставот на ВМРО-ДПМНЕ не држи вода


Ако се заинтересирани за решение треба да седнат внимателно да разгледаат прво што тоа не прифаќаат од наша страна и второ дали тоа што го условуваат како нивни два главни услови е реално законски спроведливо, реагира Зоран Заев од СДСМ за соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Неприфаќањето на барањето на опозицијата за одложување на локалните избори од владечката ВМРО-ДПМНЕ и нивното објаснување за тоа правно не држи вода, вели потпретседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев.
Затоа што законот вели дека 35 дена од распишување на изборите се доставуват кандидатски листи, така да ако се заинтересирани за решение треба да седнат внимателно да разгледаат прво што тоа не прифаќаат од наша страна и второ дали тоа што го условуваат како нивни два главни услови е реално законски спроведливо.“
Потпретседател на опозициската СДСМ, Зоран Заев

Тој за Радио Слободна Европа изјави дека реакцијата на власта правно-формално не држи вода затоа што изборниот законик вели дека друг предлог не би можел да биде имплементиран.

„Затоа што законот вели дека 35 дена од распишување на изборите се доставуват кандидатски листи, така да ако се заинтересирани за решение треба да седнат внимателно да разгледаат прво што тоа не прифаќаат од наша страна и второ дали тоа што го условуваат како нивни два главни услови е реално законски спроведливо.“

Оваа реакција следува по писменото соопштение на ВМРО ДПМНЕ во кое се вели дека „Нема одложување на терминот за локалните избори, ниту можност за каков било политички дијалог за предвремени парламентарни избори, ниту постои можност за прифаќање на какви било уцени од страна на СДСМ.“
Не постои можност за каков било политички договор за предвремени парламентарни избори, ниту постои можност за прифаќање на какви било уцени од страна на СДСМ. Не постои можност за одложување на датумот 24 март 2013 година, кога е предвидено одржување на редовните локални избори, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.“
Писмена реакција на владеачката ВМРО ДПМНЕ

Во продолжение на писмената реакција е наведено дека „За сите други идеи за надминување на кризата создадена од СДСМ, а планирана од нивна страна уште од јуни, во кои не се содржани овие две точки, ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе ги анализира и ќе се произнесе.“

Заев изјави дека опозицијата ги прифаќа предлозите на претседателот и премиерот на државата за формирање на експерска комисија и ќе учествуваат на локалните избори кои треба да бидат одложени за 14 дена поради спроведувањето на предлозите на власта. Тој додава дека доколку на локалните избори коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ добие поддршка од граѓаните со еден глас повеќе на советничките листи во однос на коалицијата предводена од СДСМ тогаш нема да бараат предвремени избори.

Заев истакна дека новиот предлог до власта го доставиле по писмото кое го добиле од еврокомесарот Штефан Филе во име на силната решеност за добра иднина на државата, политички дијалог и евроатлантски перспективи. За предлогот до власта, Заев вели дека содржи неколку точки за надминување на политичката криза, но додава дека тој не содржи ултиматум.

„Го прифаќаме предлогот на предлогот на претседателот Ѓорѓи Иванов кој веќе е прифатен и ВМРО-ДПМНЕ и предлагаме конституирање на експертска комисија пред почетокот на кампањата. Го прифаќаме предлогот на премиерот Никола Груевски заедно да го донесеме изборниот законик со вградени препораки на ОБСЕ и ОДИХР и да испратиме заедно позитивна порака до меѓународната зедница. И трето, го прифаќаме предлогот на Груевски заедно да го дефинираме зголемениот и зајакнат мониторинг на локалните избори“, вели Заев.

Тој додава дека за спроведување на овие предлози се потребни 14 дена, па затоа е потребно и одложување на изборите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG