Власта и опозицијата да седнат на маса и да ги решат сите недоразбирања, да стават крај на оваа криза во Македонија, ако може да се нарече криза, порача од Охрид, амбасадорот на САД во земјава, Пол Волерс. Тој со дипломатски одговор за последните случувања во земјава.
„Треба да се работи од сите страни. Мислам дека треба лидерите на власта и опозицијата, главните лидери треба да седнат на заедничка маса да ја решат оваа криза ако може да се нарече криза. За доброто на Македонија сите треба да допринесат“, рече амбасадорот Пол Волерс.
Тој рече оти тој не може да дава предлози како да се реши ситуацијата во земјава, за тоа дали опозицијата да учествува на избори. Вели дека се зависи од самите политички чинители во Македонија.
„Тоа се зависи од нив што ќе направат, јас нема да дадам предлози како тоа треба да го направат и како да го решат тој проблем. За доброто на земјата е сите да допринесат да се реши оваа ситуација и најдобар можен начин тоа да го решат“, рече Волерс.
Политичката криза која започна со случувањата на 24 декември во македонскиот парламент, кулминираше со најавите на опозицијата дека ќе ги бојкотира локалните избори закажани за 24 март, ако не бидат прифатени нивните барања од власта меѓу кои и одржување на предвремени парламентарни избори и промени во изборниот законик според препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
И власта и опозицијата од меѓунардоаната заедница се под притисок да најдат решение за излез од политичката криза во која земјава западна последниве два месеци. Иако некои од функционерите на опозицијата се надеваат дека договор со ВМРО-ДПМНЕ ќе има, премиерот Грувски барем за сега цврсто стои на изјавите дека локалните избори на 24 март ќе се одржат, а предвремени парламентарни избори нема да има.
Американскиот амбасадор Волерс од Охрид со порака дека Америка за сега нема да ги укине визите за Македонија и покрај информациите во земјава дека Македонија може да биде дел од листата на држави за кои Вашингтон ќе ги укине визите или ќе ја олесни процедуата за добивање визи.
„Во однос на олеснувањето за добивање визи Македонија моментално не влегува во таа програма, не се квалификува. Тоа се однесува само на други држави. Сепак се надевам дека во иднина тоа ќе биде случај и со Македонија“ рече Волерс.
Американскиот амбасадор имаше предавање пред студентите на Охридскиот факултет за туризам и угостителство на тема младите и претприемништвото.
Треба да се работи од сите страни. Мислам дека треба лидерите на власта и опозицијата, главните лидери треба да седнат на заедничка маса да ја решат оваа криза ако може да се нарече криза. За доброто на Македонија сите треба да допринесат.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.
„Треба да се работи од сите страни. Мислам дека треба лидерите на власта и опозицијата, главните лидери треба да седнат на заедничка маса да ја решат оваа криза ако може да се нарече криза. За доброто на Македонија сите треба да допринесат“, рече амбасадорот Пол Волерс.
Тој рече оти тој не може да дава предлози како да се реши ситуацијата во земјава, за тоа дали опозицијата да учествува на избори. Вели дека се зависи од самите политички чинители во Македонија.
„Тоа се зависи од нив што ќе направат, јас нема да дадам предлози како тоа треба да го направат и како да го решат тој проблем. За доброто на земјата е сите да допринесат да се реши оваа ситуација и најдобар можен начин тоа да го решат“, рече Волерс.
Во однос на олеснувањето за добивање визи Македонија моментално не влегува во таа програма, не се квалификува. Тоа се однесува само на други држави. Сепак се надевам дека во иднина тоа ќе биде случај и со Македонија.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.