Нема нови коментари откако стана официјален дефинитивниот бојкот на опозицијата на локалните избори. Од канцеларијата на Европската унија во Скопје се повикуваат на заедничката изјава која пред неколку дена ја објавија ЕУ, ОБСЕ и Соединетите Држави, во која шефовите на мисиите изразуваат голема загриженост за политичката состојба во земјава.
„Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани“, стои во изјавата од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.
Во меѓувреме еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја откажа претходно најавената посета во Скопје поради како што соопшти фрустрираноста од политичките случувања во земјава.
„Императив на политичките лидери во Скопје треба да биде превземање на одговорност и наоѓање на решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции со ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место,“ вели Филе во својата писмена изјава до јавноста.
Минатата недела беше очигледно зголеменото присуство на меѓународните преставници во земјава. Директорот на директоратот за проширување на Европската Унија, Стефано Санино беше и си замина без официјална изјава за медиумите, но затоа пак на новинарите им се обрати известувачот за нашата земја во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
Откако оствари средби со сите политички партии, Ховит изјави дека состојбата е многу сериозна и за земјата и за нејзната иднина во Европа.
„Перцепцијата за она што се случи на 24 декември го доведува во прашање демократскиот кредибилитет на вашата земја. Но, Европскиот парламент не верува во бојкоти на изборите во оваа или која било друга земја, рече Ховит.
Неодамна во интервју за нашето радио евроамбасадорот Аиво Орав посочи дека е потребен политички дијалог. Лидерите треба да се соберат, да разговараат едни со други и да одлучат како ќе се оди напред.
„Сите инволвирани партии мора да се справат со проблемите, но со тоа се оттргнува вниманието од реформите - или барем постои ризик тоа да се случи”, истакна евроамбасдорот Орав.
Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани.Заедничка изјава од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.
„Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани“, стои во изјавата од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.
Во меѓувреме еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја откажа претходно најавената посета во Скопје поради како што соопшти фрустрираноста од политичките случувања во земјава.
„Императив на политичките лидери во Скопје треба да биде превземање на одговорност и наоѓање на решение, демонстрирајќи зрелост на демократските институции со ставање на интересот на земјата и граѓаните на прво место,“ вели Филе во својата писмена изјава до јавноста.
Перцепцијата за она што се случи на 24 декември го доведува во прашање демократскиот кредибилитет на вашата земја, но Европскиот парламент не верува во бојкоти.Ричард Ховит, известувач на Македонија.