Достапни линкови

Дневен печат - Сè се менува, освен политичката криза


Покрај за актуелната политичка криза, дневните весници пишуваат и за канцерогеното млеко, оставката на Бојко Борисов и за изборот на Талат Џафери за нов министер за одбрана.

Колку и да сака новинарот правејќи ги овие неделни прегледи на дневниот печат да не ја „гледа“ само политиката во весниците, изгледа е невозможна мисија.
Контролите ги зафатија и нашите производители, а експертите објаснуваат дека е можно и во нив да се појави афлатоксин бидејќи кравите се хранети со српска пченка.
Дневник.

Ама, сепак, за млекото. Уште не знаеме дали во хрватскиот „Дукат“ што се продава кај нас има отровни супстанци затоа што сè уште траат испитувањата во соодветните лаборатории, но затоа, според информацијата на Дневник – „Контролите ги зафатија и нашите производители, а експертите објаснуваат дека е можно и во нив да се појави афлатоксин бидејќи кравите се хранети со српска пченка“.

Во меѓувреме, Утрински информира дека „Уште во четири видови млеко во Хрватска е пронајден афлатоксин“ и дека Агенцијата за храна ја проширила контролата и врз млекото и млечните производи не само од регионот, туку и од оние на ЕУ.
СДСМ ќе го крпи единството со нови протести.
Нова Македонија.

И оставката на бугарскиот премиер Борисов и на неговата влада предизвикана од бурните протести на бугарските граѓани поради скапата струја е топ тема во сите наши весници, дури во еден коментар во Утрински пишува: „Со ова конечно се докажува дека Македонците не се Бугари и обратно, дека Бугарите не се Македонци!“
Примопредавање на функцијата министер за одбрана помеѓу досегашниот министер Фатмир Бесими и новоизбраниот Талат Џафери.
Примопредавање на функцијата министер за одбрана помеѓу досегашниот министер Фатмир Бесими и новоизбраниот Талат Џафери.

Сè тече, ама на полето на политичката криза во земјава - ништо не се менува. „Математики за локалните избори“, пишува Дневник додавајќи дека од бојкотот ќе се офајдел албанскиот политички блок. Истиот весник насловува дека „Државната изборна комисија е новиот ринг за пресметки“, дека Црвенковски нишанел на изборните органи, ама Груевски имал одговор и за тоа.

Нова Македонија претскажувачки пишува дека „Црвенковски работи на сценариото ѝ по Бранко – Бранко“, по неговата најава дека на мајскиот конгрес не ќе се кандидира за истата функција во партијата. Истиот весник смета дека „Јакимовски го најави падот на Црвенковски“, а Вечер насловува: „Цели општински организации на ЛДП преминаа во ДОМ“. „Од 24 февруари, од Куманово почнува стартот на извршување на планот за активен бојкот на изборите“, јавува Утрински.

Нова Македонија на ова со поинаку интонирана информација: „СДСМ ќе го крпи единството со нови протести“. Дали Брисел ќе го откаже пролетниот извештај за земјава, за што на големо пишуваат провладините весници, обвинувајќи го само Црвенковски за тоа, ќе треба да се почека. „Очекував девет мажи вмровци да го спречат изборот на Талат Џафери за нов министер за одбрана“, кажува бранителот Стојанче Ангелов во интервју за Утрински, а Дневник насловува:

„ДУИ се фали дека командант на УЧК е на чело на АРМ“. И, сите дневни весници најавуваат дека Тарчуловски некаде во средината на март ќе се врати дома.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG