Достапни линкови

Со опозициски бојкот до нелегитимни избори


Бојкотот на изборите од страна на опозицијата го отвара прашањето за нивниот легитимитет. Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Зоран Дамјановски, вели дека цензусот секако ќе биде исполнет, особено во етнички мешаните општини, но, според него, легитимноста не е само во бројката, туку и во структурата.

Опозиционерите од Сојузот на иднината на политичка конвенција в недела ќе повикаат граѓаните да не учествуваат на локалните избори. Партиите од овој сојуз на парламентарните избори во 2011-та освоија повеќе од 400 илјади гласови. Се поставува прашањето дали изборот на нови локални власти ќе биде легитимен, ако во некои општини не излезат ни една третина од гласачите во првиот круг за да изборите се сметаат за успешни.

Легитимноста не е само во бројката, легитимноста е и во структурата. Мислам дека по ниедна основа овие избори не можат да бидат легитимни и не можат да имаат демократска завршница.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Зоран Дамјановски, вели дека цензусот секако ќе биде исполнет, особено во етнички мешаните општини.

„Легитимноста не е само во бројката, легитимноста е и во структурата. Мислам дека по ниедна основа овие избори не можат да бидат легитимни и не можат да имаат демократска завршница.“
Избори 2011.
Избори 2011.

Според него, разрешницата е само во тоа народот да си каже дали поддржува или не ваков начин на владеење, а тоа може да го каже само на предвремни парламентарни избори.
За градоначалник да победи во првиот круг потребно е да гласаат за тој кандидат мнозинство од гласачите, доколку излегле најмалку една третина од вкупниот број запишани избирачи во избирачкиот список на соодветната општина.
Тања Каракамишева Јовановска, универзитетски професор.

„Јас не гледам начин како може во оваа тешка состојба да се реши, освен со одлука на народот. Па погледнете што се случува во соседна Бугарија. Излегоа луѓето на улица за една навидум, навидум банална причина, а тоа кај нас се случува секојдневно, и премиерот си даде оставка, претседателот на државата застана зад народот. Ако гледаме еден таков пример од соседна земја која има сличен транизициски пат како Македонија, не гледам причина зошто тука би имало некоја друга разрешница или би се гледало некоја друга насока како може да се реши овој проблем.“

Професор Тања Каракамишева Јовановска вели дека Изборниот законик е јасен.

„За градоначалник да победи во првиот круг потребно е да гласаат за тој кандидат мнозинство од гласачите, доколку излегле најмалку една третина од вкупниот број запишани избирачи во избирачкиот список на соодветната општина.“
Легитимитетот на носителите на локалната власт кои ќе бидат избрани на овие избори ќе има хендикеп, бидејќи ќе отсуствува вистинската конкуренција и натпревар меѓу различни политички партии. Избори без опозиција е исто како трка со еден коњ, нема натпревар, нема избор, тоа би значело дека нема легитимитет.
Насер Зибери, политички аналитичар.

Доколку не се остварат тие услови, двајцата кандидати кои освоиле најголем број на гласови одат на втор изборен круг после 2 недели и тогаш победник е оној кој има релативно мнозинство. Кај советничките листи, пак, нема изборен праг, туку се утврдуваат по пропорционалниот модел, Донтова варијанта, каде согласно изборните резулатати се добиваат советници.

Каракамишева Јовановска вели дека партитие кои повикуваат на бојкот треба да бидат свесни дека тоа си носи одговорност.

„Секој оној што спречува организирање и одржување на избори нема само политичка одговорност, туку и правна одговорност, нека си го прочитаат кривичниот законик.“

Аналитизарот Насер Зибери вели дека бојкотот на опозицијата ќе фрли дамка врз локалните избори.

„Легитимитетот на носителите на локалната власт кои ќе бидат избрани на овие избори ќе има хендикеп, бидејќи ќе отсуствува вистинската конкуренција и натпревар меѓу различни политички партии. Избори без опозиција е исто како трка со еден коњ, нема натпревар, нема избор, тоа би значело дека нема легитимитет.“

На претходните локални избори, во 2009 година, во првиот круг излезноста била околу 49 проценти, а во вториот близу 42 проценти.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG