Не престанува масовното вработување на граѓани во администрацијата во пресрет на изборите. Само во изминатиов месец откако се распишани локалните избори, Агенциите за привремени вработувања склучуваат договори за вработувања во министерствата, општините, градинките и многу други државни институции.
На пример, општина Кочани склучила договор на една година со агенција за привремени вработувања за кои ќе потроши 53 илјади евра. Истото го направила и општината Гази Баба, но таа ќе плати за привремените вработувања речиси 70 илјади евра. Градинка од Тетово, пак, склучила договор во вредност од 26 илјади евра за вработување на правни лица на само 4 месеци, од декември до крајот на март, штом ќе завршат изборите. Но, овој пат станува збор за дополнителен договор со Агенција за привремени вработувања во постапка без оглас само со преговарање затоа што причината за таквото вработување биле итна и не може да се препише како пропуст, но и не може да подлежи на отворена постапка со објавување оглас.
И покрај препораките на експертската јавност дека со вработувањата во предизборието се кршат законите, институциите продолжуваат да вработуваат. Во таква ситуација одговорност за делување имаат Агенцијата за администрација, Агенцијата за вработување како и Антикорупциската комисија.
Универзитетскиот професор Темелко Ристовски вели дека освен што се прекршува законот, се прекршува и начелото на рамноправност на сите учесници во предизборната трка.
„Власта е таа што има моќ, има пари, може да вработува нови луѓе и со тоа да добива поени, а оние другите во опозицијата немаат пари и на тој начин не можат да добиваат поени. Апсолутно од етички аспект, од законски и од уставен, како и да сакате, тоа е за осуда.“
Со трупањето на нови службеници во администрацијата со цел да се добијат политички поени на избори само се нанесува штета на државата и се намалува ефикасноста на администрацијата, додава Ристовски.
„Бројна администрација го оптоварува буџетот, бројна администрација го оптоварува и менаџирањето со неа и бројна администрација доведува до внатрешни триења во системот на администрацијата, просто кажано луѓето си сметаат еден на друг. Значи ефикасна администрација може да биде само онаа која е составена од стручни и максимално оспособени државни односно јавни службеници кои си ја познаваат својата струка, својата работата. “
Од друга страна, пак, Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон со кој ќе се следи воведувањето на меѓународни стандарди во институциите со цел подобра квалитет на услугите во државната администрација. Професор Ристовски вели дека е за поздравување секоја нормативна мерка за регулирање на општествените односи, но е скептичен дека тоа ќе помогне во подобрување и зголемување на ефикасноста на администрацијата.
„Се донесуваат многу закони, бројни етички кодекси практично за сите вршители на јавни должности па состојбата е таква каква што е, немаме ефикасна администрација, немаме ефикасни служби, немаме ефикасни судови и така натаму.“
Антикорупциската комисија неодамна побара да запрат постапките за вработувања во администрацијата поради претстојните локални избори, но од владата, пак, соопштија дека станува збор за пополнување на испразнети работни места, а не за партиски вработувања.
Општина Кочани склучила договор на една година со агенција за привремени вработувања за кои ќе потроши 53 илјади евра. Истото го направила и општината Гази Баба, но таа ќе плати за привремените вработувања речиси 70 илјади евра. Градинката од Тетово, пак, склучила договор во вредност од 26 илјади евра за вработување на правни лица на само 4 месеци, од декември до крајот на март, штом ќе завршат изборите.
На пример, општина Кочани склучила договор на една година со агенција за привремени вработувања за кои ќе потроши 53 илјади евра. Истото го направила и општината Гази Баба, но таа ќе плати за привремените вработувања речиси 70 илјади евра. Градинка од Тетово, пак, склучила договор во вредност од 26 илјади евра за вработување на правни лица на само 4 месеци, од декември до крајот на март, штом ќе завршат изборите. Но, овој пат станува збор за дополнителен договор со Агенција за привремени вработувања во постапка без оглас само со преговарање затоа што причината за таквото вработување биле итна и не може да се препише како пропуст, но и не може да подлежи на отворена постапка со објавување оглас.
И покрај препораките на експертската јавност дека со вработувањата во предизборието се кршат законите, институциите продолжуваат да вработуваат. Во таква ситуација одговорност за делување имаат Агенцијата за администрација, Агенцијата за вработување како и Антикорупциската комисија.
Власта е таа што има моќ, има пари, може да вработува нови луѓе и со тоа да добива поени, а оние другите во опозицијата немаат пари и на тој начин не можат да добиваат поени. Апсолутно од теички аспект, од законски и од уставен, како и да сакате, тоа е за осуда.Темелко Ристевски, универзитетски професор.