Достапни линкови

Нема нови работни места, а невработеноста се намалува


Се намалува и бројот на невработени, но и бројот на вработени. Хартија трпи се, велат аналитичарите, но едно е евиденција, а сосема друго реалната состојба.

Бројката на невработени лица во Македонија изнесува 245.122 лица, според последните податоци на Државниот завод за статистика за ноември минатата година. Ако споредиме со 2011 податоците покажуваат дека од листата биле избришани 36.022 лица. Во меѓувреме бројот на работници во индустријата во 2012 се намалил за 2,4 отсто, а Народна Банка ги намали проекциите за економскиот раст од 2,6 на 2,2 проценти.
Самиот пад на индустриско производство кажува дека бројот на вработените не може да расте, можеби вештачки може сега да се направат нови буџетари, што се спрема пред секои избори, било која партија да е на власт, меѓутоа квалитативно бројот на реалните работници во Македонија во континуитет опаѓа веќе две децении.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека хартијата трпи се, но факт е дека во Македонија константно голема невработеност, а нејзиното намалување може да биде само случајно или привремено.

„Јас лично не верувам на тие бројки. Самиот пад на индустриско производство кажува дека бројот на вработените не може да расте, можеби вештачки може сега да се направат нови буџетари, што се спрема пред секои избори било која партија да е на власт, меѓутоа квалитативно бројот на реалните работници во Македонија во континуитет опаѓа веќе две децении, затоа имаме во континуитет една од највисоките стапки на невработеност во Европа. Лично јас мислам дека се работи за обично „штимање“ на бројки.“

Професор Зоран Ивановски вели дека кризата најсилно удира на работната сила и не се изненадувачки податоците дека постојано се намалува бројката на вработените. Според него, бизнис климата се уште не создава доволна понуда на нови работни места и поради тоа не може да се реши големата стапка на невработеност.
Не треба да не залажува она што се случува во областа на администрирањето и евиденцијата, затоа што дефинитивно сметам дека состојбата не се подобрува како резултат на кризата, слабиот инвестиционен циклус и останатите проблеми со кои се соочува во овој момнет македонската економија.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

„Не треба да не залажува она што се случува во областа на администрирањето и евиденцијата, затоа што дефинитивно сметам дека состојбата не се подобрува како резултат на кризата, слабиот инвестиционен циклус и останатите проблеми со кои се соочува во овој момнет македонската економија.“

За жал, според Витанов, останува само вработувањето во администрација, која е пренатрупана, бидејќи ако се направи анализа ќе се види дека бројката на вработени е поголема од оние кои што навистина работат.

„Има еден огромен процент на луѓе кои ги има на список, коишто релано земаат плата, а колегите и вработените во секторот кадешто се евидентирани воопшто не знаат дека таков човек работи таму. Јасно е дека партии ги преземаа институциите.“

Според експертите, администрацијата на долг рок може да предизвика проблеми во однос на исполнување и реализација на буџетот, особено во делот на ставките кои се потребни за излез од кризата, а тоа се остварување на капиталните инвестиции.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG