Достапни линкови

Земјоделците се жалат на партиски притисоци


Илустрација.
Илустрација.

Земјоделците бараат и порачуваат да се тргне политиката од аграрот. Велат во услови на невработеност, државата и Министерството за земјоделство треба да создаваат реални услови за развој на оваа гранка.

Земјоделците од Прилепско гласно се жалат и реагираат дека им се врши партиска дискриминација, дека често не можат да добијат субвенции од Министерството за земјоделство, само затоа што се одлучиле да го напуштат членството во владеjачката ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се членови на опозициската СДСМ или пак затоа што и натаму остануваат политички неопределени.
Ме угнетуваат на разни можни начини, еден од тие начини да не можам да земам субвенции, а и претходно ми беше речено, дека ти нема да земаш субвенции, затоа што бегаш од партијата.
Дејан Јанкулоски, земјоделец од прилепското село Загорани.

Многумина велат дека притисоците продолжуваат, а последиците се врз грбот на производителите, кои ниту се надеваат, дека ќе имаат подобри услови за живот или дека би добиле работа.

„Ме угнетуваат на разни можни начини, еден од тие начини да не можам да земам субвенции, а и претходно ми беше речено, дека ти нема да земаш субвенции, затоа што бегаш од партијата“, изјави Дејан Јанкулоски од прилепското село Загорани.
Откуп на Тутун во Прилеп.
Откуп на Тутун во Прилеп.

И Вели Мемишоски тврди дека притисоците продолжуваат, а не ретко луѓето се плашат од последиците.
„Самите земјоделци се соочуваат со многу поголеми проблеми, неисплатата, ниските цени, падот на производството, скапите репроматеријали и на крај за да сето ова не излезе на виделина, ние се соочуваме, значи во последни години, дека клучниот проблем, дека зошто земјоделците се неконкуретни, зошто земјоделството има пад на производството, увоз поголем, извоз се намалува е суштината, дека да, ние со субвенциите го решаваме проблемот.
Трајан Димковски, Рурална коалиција.

„Уцени даваат и заплашуваат дека нема да добие субвенции, нема тоа 50 наспрема 50, нивното членство од ВМРО-ДПМНЕ, претседател на месната заедница во Канатралци, тој секојдневно шета од куќа на куќа и кажува - Гледате што се случува, и вие нема да добивате ако евентуално ги поддржите СДСМ“, тврди Мемишоски.

Селим Селимоски е долгогодишен тутунар од Пешталево. Тој тврди дека партиска распределба на земјиштето имало уште пред неколку години.

„Нас земјоделците во Општина Долнени, во првите тендери се подели на партиски начин земјата, регистрирани земјоделци од кои знаеме дека се регистрирани членови на ВМРО-ДПМНЕ , еден регистриран земјоделец да добие 300 хектари земја и мислам дека тоа не е добро и не треба така да се дели земјата“, реагира Селимоски.

Но, не само од Прилепско, на вакви проблеми се жалат и земјоделците од другите краеви во Македонија. На последната средба во Прилеп, тие не го криеја своето незадоволство. Велат Владата сака да ги дефокусира проблемите, зборувајќи за субвенциите, се обидува да ги скрие реалните причини за лошите состојби во земјоделството во државата.

„Самите земјоделци се соочуваат со многу поголеми проблеми, неисплатата, ниските цени, падот на производството, скапите репроматеријали и на крај за да сето ова не излезе на виделина, ние се соочуваме, значи во последни години, дека клучниот проблем, дека зошто земјоделците се неконкуретни, зошто земјоделството има пад на производството, увоз поголем, извоз се намалува е суштината, дека да, ние со субвенциите го решаваме проблемот“, истакнува Трајан Димковски од Рурална коалиција, пренесувајќи го незадоволството на земјоделците од источна Македонија.

Производители бараат и порачуваат да се тргне политиката од аграрот. Велат во услови на невработеност, државата, Министерството за земјоделство треба да создаваат реални услови за развој на оваа гранка, со имплементција на државните механизми со кои ќе се стимулира извозот на земјоделските култури, од друга страна ќе се поттикне еколошкото производство, ќе се врши распределба на земјиштето на вистинските производители, кои не само што обезбедуваат егзистенција за своите семејства, туку ангажираат и дополнителна работна сила за време на сезоната.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG