Достапни линкови

И лебот ќе стане луксуз


Илустрација.
Илустрација.

Во обид да го спречи поскапувањето на лебот, владата најави дека ќе интервенира со тоа што ќе продава жито од стоковите резерви.

Векна леб би можело да чини 20-30 проценти повеќе. Државата, во обид да го спречи поскапувањето, најави дека ќе интервенира со тоа што ќе продава жито од стоковите резерви. Според мелничарите, главна причина е снемувањето пченица во млиновите низ земјава. Нашите граѓани различно ја примаат оваа вест. Некои велат дека новото поскапување звучи обесхрабрувачки зашто не е прв пат. Други велат суша е, криза, и мора така, иако никому нему е по волја. Поединци се прашуваат каде одат парите од субвенциите во земјоделството.
Би требало да бидат поевтини земјоделските производи ако има субвенции. Земјоделците земаат, а производите поскапуваат, каде одат парите не знам.
Анкетиран граѓанин.

„Даваме субвенции, а увезуваме сега, еве нема доволно и бетер ќе биде зашто има суша, и Македонија и Балканот цел е зафатен. Треба и да се замислат, ние не сме Германци па компир да јадеме, ние сме Балканци, јадеме леб.“
Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012 година.
Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија на 21 јули 2012 година.

„Би требало да бидат поевтини земјоделските производи ако има субвенции, а тоа е спротивно, земјоделците земаат, а производите поскапуваат, каде одат парите не знам“, велат анкетираните граѓани.
Земјоделците мора да користат специфицирано семе, во тој случај ќе добијат поголеми приноси, ќе користат домашни сорти и ќе се стимулира и производството на семе.
Илија Каров, универзитетски професор.

Професор Илија Каров вели дека Македонија ги има сите потребни природни предуслови како земја да произведува пченица за да не биде зависна од увоз. Причините поради коишто оваа година имаме насади помали за околу 30 отсто и тоа што ќе мора да увеземе пченица што ќе придонесе да поскапат лебот и белите печива – како што објаснува Каров - се должат и на неколку пропусти во домашната политика.

„Ние постојано укажуваме, земјоделците мора да користат специфицирано семе, во тој случај ќе добијат поголеми приноси, ќе користат домашни сорти и ќе се стимулира и производството на семе. Вака како што е сега, постојат недостатоци околу координацијата и усогласувањето кои се приоритетите на една држава. Приоритет на секоја држава мора да биде производството на пченица, на домашен леб“, вели Каров.
Мелничарите секогаш тврдат дека увозната е подобра од македонската пченица и тоа е причината што не се посеваат сите површини.
Вељо Тантаров, претседател на Здружението на земјоделците.

Родот на пченицата е очекуван поради сушата и е помал од претходната година, но според зборовите на претседателот на Здружението на земјоделците Вељо Тантаров, поскапувањето на цената на лебот е последица на тактизирањата на мелничарите.

„Долго време како земјоделци не можеме да се договориме со нив, затоа што тие секогаш тврдат дека увозната е подобра од македонската пченица и тоа е причината што не се посеваат сите површини што се неопходни за производство на оваа култура“, вели Тантаров.

Од мелничко-пекарската индустрија велат дека новата цена треба да биде во сооднос со поскапувањето на брашното, односно на пченицата, која поскапе приближно за 30 отсто. Според нив, врз поскапувањето на лебот влијае и поскапувањето на струјата и на горивата, како и недостигот од пченица.

Сега, за да не поскапе лебот, Владата веќе објави оглас за продажба на 2.900 тони меркантилна пченица, со почетна цена од 12 денари по килограм. До најавите за нова повисока цена на лебот, доаѓа по веќе поскапените енергенси и струјата, како и на зејтинот, јајцата и брашното.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG