Достапни линкови

Бескрајни поскапувања, има ли крај?


По поскапувањата на парното, струјата, горивата, има најави дека ќе поскапе и лебот. Има ли крај на поскапувањата, прашуваат граѓаните.

На зголемувањето на цените му нема крај, од поскапа струја, парно и гориво, најверојатно од септември граѓаните ќе купуваат и поскап леб, според најавите на мелничарите. Во изминатите месеци скокнаа и цената на јајцата, овошјето, зеленчукот, како и на рибата и месото. Освен на храната, беше забележан раст и на цените на козметичките производи, обувките, како и на лековите и средствата за лична хигиена. Граѓаните велат дека платата и пензијата не знаат за што попрво да ја потрошат, дали за сметки или за основни продукти за живот, но во едно се согласни - пари доволно немаат.
Секој денар се планира. Не е убаво. Пензиите ќе ги качат 5 или 6 насто, а другото се качува по 20 проценти. Со 8.000 или 9. 000 пензии каде, а само 6.000 или 7.000 се трошоци. Така што, ако вака продолжи не знам како ќе излеземе на крај.
Анкетиран граѓанин.

„Секој денар се планира. Не е убаво. Пензиите ќе ги качат 5 или 6 насто, а другото се качува по 20 проценти. Со 8.000 или 9. 000 пензии каде, а само 6.000 или 7.000 се трошоци. Така што, ако вака продолжи не знам како ќе излеземе на крај.“

„Ако корпата лани се полнела, сега е помалку. Кратиме колку што е чергата еден начин, бидејќи јас сум пензионерка не можам да се задолжувам.“

„Најмногу ми е проблем што лебот го поскапуваат, барем на него да не му се зголемува цената.“

Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека како резултат на се повисоките цени граѓаните ќе купуваат помалку производи, а со тоа потрошувачката ќе се намалува.

„Секое зголемување на цените во услови кога не се зголемуваат платите на луѓето, влијае за да се намали нивната куповна моќ, а тоа од друга страна може да влијае да се намали самата побарувачка на производи кои тие би ги купувале и би биле во можност да ги купат.“

Според експертите, поскапувањата ќе имаат големо влијание врз животниот стандард на граѓаните, а критично е тоа што и невработеноста и сиромаштијата сè уште не се намалуваат, односно изнесуваат околу 30 насто.
Протести против поскапувањата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG