Земјоделците и премиерот Никола Груевски дадоа различни согледувања на состојбите со годинешната жетва. Според земјоделците, приносите на жито во одредени региони се преполовени, а договорената цена од 14 денари за килограм е ниска. Премиерот, пак, смета дека цената е добра и има мало намалување на родот.
Според Драги Мицковски, претставник на земјоделците од пелагонискиот регион во прилепскиот дел на Пелагонија, која е најголема житница во Македонија, сушата ги намали приносите за половина. Во битолско, пак, неповолните временски услови предизвикаа оштетувања до 30 отсто кај житните посеви. Лани приносите достигнуваа до 4.000 илјади килограми по хектар, а годинава одвај над 3.000.
„Почна жетвата, а приносите се многу слаби. Треба да размислат млинарите да си купат побрзо пченица. Ние земјоделците кажуваме јавно дека под 15 денари нема да ја даваме пченицата зашто лошо беше поникнувањето, имаше големи жештини, приносите се мали. Како и претходните години, пченицата ќе ја носиме на чување зашто не сме задоволни од откупната цена“, изјави Мицковски.
Премиерот Никола Груевски, кој деновиве ја посети Пелагонија, изјави дека приносите се малку намалени, но затоа, пак, таквата состојба ќе се компензира со добрата откупна цена на житото.
„Оваа година имаме мало намалување на приносот, меѓутоа има многу поголема цена, да не речам одлична, а земјоделците имаат прогноза дека уште малку и ќе порасни таа цена. На некој начин ќе дојде до компензирање на тоа што приносот е нешто помал поради зимата, но затоа имаме малку намален принос. Но, затоа имаме доста подобри цени, кои порано ги посакуваа земјоделците, но ги немаа. И владата помогна со увозот врзан за домашното жито и слично“, изјави Груевски.
Под 15 денари нема да ја даваме пченицата зашто лошо беше поникнувањето, имаше големи жештини, приносите се мали. Како и претходните години, пченицата ќе ја носиме на чување зашто не сме задоволни од откупната цена.Драги Мицковски, претставник на земјоделците од прилепско.