Достапни линкови

Ако земјоделството било лесно, сите ќе се фателе за копач


Младите не се заинтересирани за земјоделство. Идејата на Владата да им се даде земја на социјалците е добра, но треба тие и да се едуцираат, оти земјоделство не се учи за еден ден.

Младите не се заинтересирани за земјоделството, кое за сега е неисплатливо и напорно, велат познавачите кои ја поздравуваат владината мерка за вработување со понуда на земјоделски парцели за социјалните случаи.
Ако земјоделството е лесно и профитабилно, сигурно до сега многу млади луѓе ќе почнеле да се баваат со оваа дејност. Треба да им се направи поголема едукација, бесплатна се разбира, преку Агенција за поттикнување на развојот за да можат за што помал рок да бидат успешни, земјоделието не се изучува за еден ден.
Ефтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.

Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци проценува дека младите не се заинтересирани за земјоделската дејност.

„Ако земјоделството е лесно и профитабилно, сигурно до сега многу млади луѓе ќе почнеле да се баваат со оваа дејност. Не само тоа, треба и поголемо внимание да се обрати на овие млади луѓе. Треба да им се направи поголема едукација, бесплатна се разбира, преку Агенција за поттикнување на развојот за да можат за што помал рок да бидат успешни, земјоделието не се изучува за еден ден.“

Се поставува прашањето дали доделувањето парцели за корисниците на социјална помош може да создаде не само нелојална конкуренција за лицата кои веќе се бават со земјоделство, туку и да го загрозат пласманот? Шаклев вели дека одлуката на владата е оправдана.
Психофизички здрави и прави луѓе не треба целосно да се потпираат на социјалната помош и на давачките од државата за нивна издршка и за нивно преживување, туку треба да се ангажираат малку и самите за да може да си обезбедат приходи за семејството и за себе.
Раде Ненадиќ, приватна агенција за привремени вработувања.

„И бројот на хектарите и бројот на вработените млади луѓе кои ќе се занимаваат со земјоделство, никако не може да дојде до тоа да се створат земјоделски вишоци и да дојде до нелојална конкуренција.“

Работоспособните лица треба да бидат ангажирани, смета Раде Ненадиќ, директор на приватна агенција за привремени вработувања.

„Психофизички здрави и прави луѓе не треба целосно да се потпираат на социјалната помош и на давачките од државата за нивна издршка и за нивно преживување, туку треба да се ангажираат малку и самите за да може да си обезбедат приходи за семејството и за себе.“

Мерката според Ненадиќ нема да го оптерети буџетот.

„Не се дополнителни средства кои што државата ги издвојува за примателите на социјална помош. Тие и сега ја примаат социјалната помош, и со земјата и без земјата.“

Во овој контекст вреди да се спомене дека земјоделците до сега на неколку наврати се жалеа за ниски откупни цени и штети од невреме. Останува да се види дали со создавање на нови земјоделци, зголеменото производство ќе ги намали откупните цени, и дали ќе ги зголеми барањата за помош доколку има влошување на временските прилики.
XS
SM
MD
LG