Достапни линкови

Младински дилеми: во партија или надвор од Македонија?


Зачленување во партија со надеж за вработување во јавната администрација или бегање во странство. Какви се перспективите за младите во Македонија? За работа се чека од 7 до 9 години по дипломирање, вредностите се испревртени, а растат и поделбите, како по етничка, така и по партиска основа.

Официјалните податоци покажуваат дека Македонија е лидер во Европа по стапката на невработеност на младите. Се проценува дека речиси половина од македонската младина е без работа. Покрај рекламни охрабрувања за основање сопствени бизниси, стратегии и слични проекти, истражувањата покажуваат дека младите сè почесто се целат кон работни места во јавната администрација. Сè погласни се шпекулациите дека пасош за работно место во институциите на државата е партиската книшка. Досега никој не истражувал како младите гледаат на ваквата ситуација, вели Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум.
Најголем дел од средношколците себе си се гледаат вработени во државна администрација, додека бизнис секторот е на второ место и тука треба да се бараат причините зошто државната администрација е најпосакувана за вработување.
Марјан Забрчанец, Младински образовен форум.

„Она што со сигурност знаеме од нашето истражување од 2010 е дека најголем дел од средношколците себе си се гледаат вработени во државна администрација, додека бизнис секторот е на второ место и тука треба да се бараат причините зошто државната администрација е најпосакувана за вработување.“

Досега се претпоставуваат неколку причини, вели Забрчанец.
Затоа што младите, а предвид треба да ги земеме и малолетниците, бидејќи тие се доста ангажирани во партиските активности, доаѓаат поголемиот дел од семејства кои имаат финансиски проблеми. За младите да влезат во партиски активности треба да имаат одреден проблем кој ќе ги втурне од младоста и од тоа што го нуди младоста во партиски активности и некои лажни надежи и лажни ветувања кои им ги нудат партиските лидери.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

„Првата е инертноста на општеството. Ако знаеме дека во социјалистичкиот систем мнозинството, речиси сите институции, компании, фабрики биле во сопственост на државата и биле третирани како државни, од таму доаѓа и денешната побуда кај младите да сакаат да работат во државни институции. А тоа е поврзано со нивните семејства, со влијанието на атмосферата во нивните семејства.“

Партиска книшка - надеж за вработување во администрација

Младите се зачленуваат во партиите со надеж за стабилно работно место со загарантиран приход на крајот на месецот, се согласуваат упатените. Евидентна е и појавата на нетрпеливост меѓу припадниците на младата популација врз основ на политичка припадност. Ако младите очекуваат работа преку партија, што добива партијата од младите? На оваа и слични теми разговараме со политикологот Соња Стојадиновиќ:

РСЕ: Меѓу младите постои поделеност, како на етничка, така и на политичка основа. Каде лежи тука проблемот, од каде се создава таа потреба младите да се препукуваат, кој на која партија припаѓа?

„Мислам дека изворот на проблемот треба да го бараме во економскиот дел. Затоа што младите, а предвид треба да ги земеме и малолетниците, бидејќи тие се доста ангажирани во партиските активности, доаѓаат поголемиот дел од семејства кои имаат финансиски проблеми. За младите да влезат во партиски активности треба да имаат одреден проблем кој ќе ги втурне од младоста и од тоа што го нуди младоста во партиски активности и некои лажни надежи и лажни ветувања кои им ги нудат партиските лидери.“

Целиот разговор со Соња Стојадиновиќ погледнете го во видеото.
Соња Стојадиновиќ - Со лажни ветувања се втурнуваат млади во партиите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00
Социологот Илија Ацески вели дека доколку мотивот за зачленување е можно вработување, партиските членови не секогаш ги прифаќаат партиските принципи.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

„Тоа не значи дека само по себе припаѓаат, односно прифаќаат нешто кое има длабинско значење во идеолошка, во партиска, во вредносна смисла, тоа е една прагматична ориентација, прагматична свест, дека за да се решат некои проблеми се прифаќа нешто кое им се нуди во тој момент.“
Според тоа што сугерира науката, таа интернализирана беспомошност е една од лузните на долготрајното невработување, не само кај младите, кај сите луѓе. Значи науката сугерира на големи, тешки и долготрајни последици, како економски, така и социјални. Всушност интернализирана беспомошност е една од тие којашто младиот човек го прави да се чувствува беспомошен, односно да не верува дури и ако многу се труди и многу бара работа, дека ќе најде работа. Тоа доведува до негова апатичност и негова практично неактивност на пазарот на трудот.
Неда Коруновска, невладина организација „Реактор“.

Не станува збор за нов феномен, вели Ацески, додавајќи дека голем дел од партиските активисти не знаат за вредностите на политичката организација.

„Најдобар дел, да не речам две третини или 80 отсто, тоа што го прават го прават од чисто прагматични причини коишто немаат никакво значење за некоја нивна подлабока вредност, ориентација или подлабока политичка или во тој контекст нешто што би можело да им значи ориентир во животот.“

Невработеноста создава апатија

Судејќи по стапката на невработеност меѓу младите, евидентно е дека не секој добива можност да се вработи во јавната администрација. Неда Коруновска од невладината „Реактор“ вели дека согласно проценките од емпириски истражувања, дел од младите со години чекаат можност да се вработат. Сето тоа предизвикува негативни последици, вели Коруновска. Во продолжение проследете го разговорот со претставничката на невладината „Реактор“:

РСЕ: Се создава впечаток дека младите имаат еден вид на научена беспомошност кога станува збор за вработување, кога станува збор за постигнување на нешто во животот. Се оди во партија со цел да се добие работно место, на што се должи ваквото однесување?

„Според тоа што сугерира науката, таа интернализирана беспомошност е една од лузните на долготрајното невработување, не само кај младите, кај сите луѓе. Значи науката сугерира на големи, тешки и долготрајни последици, како економски, така и социјални. Всушност интернализирана беспомошност е една од тие којашто младиот човек го прави да се чувствува беспомошен, односно да не верува дури и ако многу се труди и многу бара работа, дека ќе најде работа. Тоа доведува до негова апатичност и негова практично неактивност на пазарот на трудот.“

Погледнете го целиот разговор со Неда Коруновска во видеото.
Неда Коруновска - Младите апатични и безнадежни
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

Што покажуваат бројките? Речиси половина од испитаниците во истражувањето на „Реактор“ како најважна цел во животот го издвоиле добриот семеен живот. Само 24 отсто од анкетираните одговориле дека сакаат да бидат успешни на работа, а едвај 3 проценти од младите сакаат да придонесат за општеството.
Многу млади гледаат излез во „бегање“ во странство?
Многу млади гледаат излез во „бегање“ во странство?

Што се случува со младиот човек откако ќе го заврши образованието и нема да успее веднаш да најде работа? Дали по чекање од седум до девет години младиот кадар е способен и квалификуван да се вклопи во работната средина? Зоран Илиоски од Коалицијата на младински организации „Сега“ вели дека по 5 години чекање за работа може да се јават проблеми.
Немајќи друг начин да го оправдаат својот неуспех, да се занимаваат со вистинските, со суштинските проблеми на младите, тие секако тоа ќе го препишат на некоја друга етничка или на инаквата етничка или на друга заедница воопшто.
Џабир Дерала, невладина организација „Цивил“.

„Тоа е еден период во кој кај нив се губи и мотивот и знаењето и сеќавањето на сè она што учеле и за она што се подготвувале. Во тој контекст влијаат и други дополнителни елементи кои образовниот систем треба да ги пружи, тоа е делот на практичната настава, односно практичната настава, практикантството.“

Со практичната работа се стекнуваат вештини кои подолго остануваат во сеќавањето на младите, вели Илиоски.

„Втората работа е воспоставување на директна соработка меѓу универзитетите и бизнис секторот, каде што се остава поголема можност за нивно задржување за работа, доколку делот од практичната настава е воведен и е дел од целиот образовен процес.“

Тоа е еден период во кој кај нив се губи и мотивот и знаењето и сеќавањето на сè она што учеле и за она што се подготвувале. Во тој контекст влијаат и други дополнителни елементи кои образовниот систем треба да ги пружи, тоа е делот на практичната настава, односно практичната настава, практикантството.
Зоран Илиоски, Коалиција на младински организации „Сега“.
Бесперспективноста раѓа национализам и насилство

Невработеноста може да се смета за најголемиот, но очигледно не е единствениот проблем со кој се соочуваат младите во Македонија. Во последно време видно се зачестуваат тепачките меѓу младите и тоа по етничка основа. Шеснаесетгодишник бил расечен во Струшко, ученик во скопско училиште бил префрлен во болница по тепачка меѓу две групи, деца се степале во автобус на етничка основа – ова се само дел од насловите кои се забележуваат во последно време во медиумите. Национализмот меѓу младите е предизвикан од изобилието на националистички информации, вели Џабир Дерала од невладината „Цивил“.

„На училиште тие секојдневно се соочуваат со содржини во учебниците кои изобилуваат со содржини кои често се многу директно националистички или индиректно националистички или дискриминаторски по разни основи. Понатаму, наставниот кадар кој секој ден им влегува во училница, тие се луѓе кои припаѓаат на одредени политички структури кои не се лишени од национализам, туку напротив.“

Секако тука се интернетот и традиционалните медиуми со кои младите се во постојан контакт, додава Дерала.

„Тие имаат прилика единствено да се соочат со содржини кои нивните националистички, дискриминаторски и насилнички мотиви можат да ги восприемаат само на тој начин, затоа имаме таква младина, односно младите многу лесно можат да се „запалат“ на националистички план.“

Според претседателот на „Цивил“, одговорност за нетрпеливоста има и кај политичарите.

„Немајќи друг начин да го оправдаат својот неуспех, да се занимаваат со вистинските, со суштинските проблеми на младите, тие секако тоа ќе го препишат на некоја друга етничка или на инаквата етничка или на друга заедница воопшто.“

Што им преостанува на младите кои не успеваат да најдат работа и кои не се пронаоѓаат во систем на изместени вредности? Примамлива опција секогаш е странство, а тоа го покажуваат и бројките. За илустрација, повеќе од 60 отсто од студентите по медицина во земјава по завршувањето на студиите што побргу би заминале да работат и живеат во странство, покажуваат резултатите од меѓународниот проект „Хелтгрупер“ спроведен помеѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје. Тешко се наоѓаат конкретни податоци за тоа колку високообразовани млади луѓе веќе си заминале од земјава.
XS
SM
MD
LG