Сите 42 пратеници од „Сојузот за иднината“ ги имаат потпишано своите оставки од пратеничките места во парламентот со датум на стапување во сила на 24 март, односно денот на одржување на локалните избори. Се дотогаш оставаме отворена можност ако се има политичка волја да се излезе од кризата, вели генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
„Доколку се случи тој ден во Македонија да има еднопартиски избори на кои ќе учествуваат само владејачката партија и нејзините сателити, пратеничките групи од опозицијата, сите пратеници ќе поднесат оставка во Парламентот. Оставките се веќе потпишани и депонирани.“
Социјалдемократите не прецизираат кои би биле идните чекори кои би можеле да се сфатат како еден вид поместување од моменталната статус- кво ситуација, за која и власта и опозицијата тврдат дека ќе има негативни последици врз европската иднина на државата и нејзините граѓани.
И од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор за тоа дали постои минимална шанса за напредок и излез од кризата. Од СДСМ тврдат дека се отворени за дијалог и дека последниот предлог на Црвенковски покажал дека не тераат политички инает и оти
постојат иницијативи кои Груевски ги одбил. Петров вели дека неподнесувањето на кандидатски листи за учество на локалните избори ја потврдиле подготвеноста на опозицијата да се жртвува во име на демократијата и дека повеќе од тоа не можат да загубат.
„Најголемиот губитник во иднина ќе биде владејачката партија, поради тоа што нивната одговорност за државата е најголема и веројатно треба да се свести дека со тоа ја втурнува државата во невидена опасност, со непредвидливи последици по исходот на земјата и за жал најголемата цена ќе ја платат граѓаните кои не заслужиле да живеат во држава без перспектива“, вели Петров.
За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, Црвенковски ќе биде тој кој врз себе ќе ги носи последиците на своите катастрофални одлуки.
„Бранко Црвенковски само докажа дека нема капацитет да се носи со одговорностите и дека лесно носи одлуки на штета на Република Македонија,“пишува во неодамнешното соопштение за јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Социјалдемократскиот сојуз веќе најавија интензивирање на активниот отпор со примена на демократски методи и средства кои треба да го покажат револтот и незадоволството од владејачките политики и кои како што велат би требало да резултираат со предвремени парламентарни избори.
Доколку се случи тој ден во Македонија да има еднопартиски избори на кои ќе учествуваат само владејачката партија и нејзините сателити, пратеничките групи од опозицијата, сите пратеници ќе поднесат оставка во Парламентот. Оставките се веќе потпишани и депонирани.Андреј Петров, СДСМ.
„Доколку се случи тој ден во Македонија да има еднопартиски избори на кои ќе учествуваат само владејачката партија и нејзините сателити, пратеничките групи од опозицијата, сите пратеници ќе поднесат оставка во Парламентот. Оставките се веќе потпишани и депонирани.“
Социјалдемократите не прецизираат кои би биле идните чекори кои би можеле да се сфатат како еден вид поместување од моменталната статус- кво ситуација, за која и власта и опозицијата тврдат дека ќе има негативни последици врз европската иднина на државата и нејзините граѓани.
И од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор за тоа дали постои минимална шанса за напредок и излез од кризата. Од СДСМ тврдат дека се отворени за дијалог и дека последниот предлог на Црвенковски покажал дека не тераат политички инает и оти
Најголемиот губитник во иднина ќе биде владејачката партија, поради тоа што нивната одговорност за државата е најголема.Андреј Петров, СДСМ.