Достапни линкови

Вестервеле повика да се мисли на иднината


Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Германија Никола Попоски и Гидо Вестервeле.
Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Германија Никола Попоски и Гидо Вестервeле.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле при посетата на Скопје искажа загриженост за политичката криза во земјата и апелираше до сите да ги почитуваат правилата на демократската игра.

Германија стои зад европската перспектива на сите држави од Западниот Балкан и како и досега и во иднина целосно ќе го поддржуваме патот на Македонија кон Европа. Ова го порача германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски. Вестервеле искажа загриженост за политичката криза во земјата и апелираше до сите да ги почитуваат правилата на демократската игра.
Мојот апел го упатувам до сите, меѓусебно да си излат во пресрет, да покажат доволна мерка на готовност и пред се секогаш да ја имаат пред очи и особено во срцето големата меѓународна агенда на вашата земја и сите работи што на внатрешен план треба да се разрешат.
Гидо Вестервеле, министер за надворешни работи на Германија.

„Мојот апел го упатувам до сите, меѓусебно да си излезат во пресрет, да покажат доволна мерка на готовност и пред се секогаш да ја имаат пред очи и особено во срцето големата меѓународна агенда на вашата земја и сите работи што на внатрешен план треба да се разрешат.“

На прашањето дали Македонија треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ на следниот состанок и дали Германија ќе ја поддржи земјата Вестервеле одговори дека најпрвин треба да се разјаснат одредени прашања, пред се спорот со името.

„Затоа ние ве охрабруваме навистина да ја искористите секоја прилика што ќе се пружи. Ние ќе вршиме праведно и добро влијание во Европа како Сојузна влада на Германија, но одлуките ќе бидат донесени кога на масата ќе бидат извештаите и понатака ќе се знаат резултатите.“
Во однос на двете прашања пораката е многу јасна, да се концентрираме на евроатланските приоритети кои ги имаме заедно, да работиме, да работиме искрено и посветено во тој правец.
Никола Попоски, министер за надворешни работи на Македонија.

Попоски во однос на развивањето на добрососедските односи со Бугарија рече дека при последниот контакт се сложиле на упатување на пораки на разум и да не креираат проблеми таму каде што нема. Во однос на Грција Попоски истакна дека одлучени се заедно да работат и да ги унапредуваат меѓусебните односи и да ги решаваат сите спорови и проблеми.

„Во однос на двете прашања пораката е многу јасна, да се концентрираме на евроатланските приоритети кои ги имаме заедно, да работиме, да работиме искрено и посветено во тој правец. Само со меѓусебна поддршка и соработка можеме да одиме напред.“

Вестервеле порача дека до членството во Унијата треба да бидат направени уште доста чекори. Демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, надминување на конфликти во дух на добрососедство и мирниот соживот се европските вредности за кои се залагаат.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG