Достапни линкови

15 минути


Даниел Калајџиески, програмски координатор за млади во ХЕРА.
Даниел Калајџиески, програмски координатор за млади во ХЕРА.

Да направиме ХИВ тест е грижа за нашето здравје, грижа за здравјето на нашите партнери. Тестот нема ништо да не чини, ниту пак ќе ни одземе многу време...само 15 минути, пишува за РСЕ, Даниел Калајџиески, програмски координатор за млади во ХЕРА.

За 15 минути може да се направат многу нешта.

За 15 минути може да го испиете утринското кафе со колегите во канцеларија, на голем одмор да отидете за си купите ѓеврек или баничка. За 15 минути може да се договорите за вечерното излегување или да имате секс со вашиот партнер, да прочитате поглавје од омилената книга.

За 15 минути исто така може да направите ХИВ тест и да ги дознаете вашиот статус.
Можеби многумина и не знаеле што точно се случува во овие 15 минути. Да се направи ХИВ тест не значи само да ви се земе крв. Советувачот е секогаш тука за вас за да дискутирате за сите дилеми или пак информации кои што ве интересираат. Она што за најголемиот дел од луѓето е важно, ако не и најважно е доверливоста.

Да, потребни се само 15 минути да го дознаете вашиот ХИВ статус. Што се случува во овие 15 минути? Одите во институцијата каде што се прави ХИВ тест, влегувате во просторијата за советување. Таму сте само вие и советувачот. За тоа не ви е потребна здравствена книшка или пак било каков документ за лична идентификација. Целиот процес се спроведува под шифра. Со него/неа разговарате зошто сте решиле да направите ХИВ тест. Советувачот е тука за вас да ви ги даде сите информации за постапката за тестирање, како и да ви ги даде информациите поврзани со ХИВ инфекцијата. Потоа медицински лице ќе ви земе крв од прстот, а тие неколку капки крв се доволни да се направи ХИВ тестот. Тестот е брз и резултатот го добивате за 15 минути. Резултатот исто така го добивате од страна на советувачот. Тој резултат го знаете само вие и советувачот. Само вие можете доколку сакате статусот да го споделите со некој друг. Повторно советувачот е тука да разговара со вас и резултатот кој што ќе го добиете. Негативниот резултат значи дека ќе ве советува како во иднина го намалите ризичното однесување. Најважно е доколку резултатот е позитивен вие ќе ја добиете целосната поддршка од советувачот за да се соочите со целата ситуација, а исто така и да ве упати во референтна лабараторија каде што резултатот би се потврдил.

Можеби многумина и не знаеле што точно се случува во овие 15 минути. Да се направи ХИВ тест не значи само да ви се земе крв. Советувачот е секогаш тука за вас за да дискутирате за сите дилеми или пак информации кои што ве интересираат. Она што за најголемиот дел од луѓето е важно, ако не и најважно е доверливоста. Секој понекогаш се запрашал и да направам тест, што ако резултатите ги дознае некој друг. Сепак тоа нема да се случи затоа што работата на овие центри е целосно доверлива. Дали некој друг може да ви направи ХИВ тест без за тоа да знаете? Само вие можете да одлучите да направите ХИВ тест, никој не смее да ве примора на тоа или пак да ви направи без ваше знаење.
Се уште голем дел од луѓето веруваат дека ХИВ не може да им се случи ним, тие веруваат дека и без да направат ХИВ тест тие го знаат својот статус. Се разбира никој не може да го знае својот статус без да направи тест. Специфичниот ХИВ тест е единствениот начин да се открие статусот. Ако поразговарате со вашите пријатели со кои што секојдневно комуницирате не ретко ќе го добиете одговорот дека тоа може да им се случи само на некои. Често се спомнуваат хомосексуалнците, сексуалните работници, они што интравенски користат дрога или пак оние кои што многу често менуваат партнери. Она пак што бројките го покажуваат е дека најчесто кај нас вирусот се пренесува по сексуален пат и тоа помеѓу хетеросексуална популација.

Кај нас, во Македонија, веќе шест години постојат центри каде што може да се направав бесплатен и доверлив ХИВ тест. Во целата држава има неколку, а истото тоа се прави и преку двете мобилни клиники и двата младински пријателски сервиси „Сакам да знам“. Секако ХИВ тест може да направите и во која било друга здравствена организација, но тие тестови не се бесплатни. Но, иако оваа услуга кај нас е достапна многу малку од луѓето направиле ХИВ тест. Во Македонија само 0,1% од граѓаните самоиницијативно направиле ХИВ тест.

Зашто кај нас толку малку луѓе направиле ХИВ тест?

Се уште голем дел од луѓето веруваат дека ХИВ не може да им се случи ним, тие веруваат дека и без да направат ХИВ тест тие го знаат својот статус. Се разбира никој не може да го знае својот статус без да направи тест. Специфичниот ХИВ тест е единствениот начин да се открие статусот. Ако поразговарате со вашите пријатели со кои што секојдневно комуницирате не ретко ќе го добиете одговорот дека тоа може да им се случи само на некои. Често се спомнуваат хомосексуалнците, сексуалните работници, они што интравенски користат дрога или пак оние кои што многу често менуваат партнери. Она пак што бројките го покажуваат е дека најчесто кај нас вирусот се пренесува по сексуален пат и тоа помеѓу хетеросексуална популација.

Од друга страна пак често пати во разговор со луѓето слушам, „па и да сум позитивен подобро е тоа да не го знам“. Всушност тоа е сосема погрешно, денес оваа инфекција се третира, се живее долго и квалитетно. За да се постигне тоа, многу е важно таа навремено да се открие. Доколку инфекцијата се открие во подоцнежна фаза тогаш и можностите ефикасно да се третира се намалени. За само 6 месеци од почетокот на третманот со оваа терапија, нивото на вирусот толку многу се намалува, што станува недетектибилен. Тоа значи дека ако лицето направи брз ХИВ тест тој ќе биде негативен, лицето не е излечено, но присуството на вирусот е намалено. Исто така оваа терапија е толку ефикасна што ризикот за пренос на вирусот по сексален пат го намалува за дури 96%.

Да направиме ХИВ тест е грижа за нашето здравје, грижа за здравјето на нашите партнери. Тестот нема ништо да не чини, ниту пак ќе ни одземе многу време...само 15 минути.
XS
SM
MD
LG