Достапни линкови

Сексуалните советувалишта, празни


Иако во Куманово постои советувалишта за сексуално и репродуктивно здравје, малку кој го користи. Причина срамот јавно да се зборува.

Младите во Куманово за сексуално и репродуктивно здравје се советуваат меѓусебе, со родителите, преку медиумите или интернетот. Не знаат дека има советувалиште и какви услуги се добиваат таму, а и не сакаат јавно да зборуваат. Стручниот тим во советувалиштето во Центарот за јавно здравје отворено е за пружање бесплатна помош, а и дискрецијата е загарантирана. Ова е:
На младите да им се даде правилна услуга, адекватна, не каква што е од другарки, од родители, од медиуми или интернет, туку адекватна од здравствен работник.


„Со цел младите да се ослободат од срамот и стигмата од околината, бидејќи има голема потреба од тоа за град каков што е Куманово. На
Дел од стручниот тим од советувалиштето за сексуално и репродуктивно здравје во Куманово
младите да им се даде правилна услуга, адекватна, не каква што е од другарки, од родители, од медиуми или интернет, туку адекватна од здравствен работник“, вели д-р Лидија Јовчевска Ивановска, гинеколог-акушер и додава дека неопходно е да се делува да се намалат и да се контролираат, сите негативни здравствени појави кои се карактеристични за младите, за адолесцентите.

Според д-р Јовчевска Ивановска, младите кумановци речиси и да не користат контрацепција. Затоа советовалиштето е за:

„Сите оние кои што имаат потреба да се упатат во предностите, во можностите, во придобивките, за да може да се употребува контрацепцијата онака како што е во светот.“

Поради недоволната упатеност најмладата девојка која побарала прекин на бременоста во Куманово била на возраст од само 15 години.

„Тоа е помлад адолесцент, тоа е на граница помеѓу дете и возрасен човек. Не е ни постар адолесцент. Ние пруживме здравствена услуга што ја побара. Таа не можеше да ја прекине бременоста без согласност од родителите, во овој случај беше такво барањето“, вели д-р Јовчевска Ивановска.

Според д-р Радмила Максимовска Симоновска, специјалист по социјална медицина, советувалиштето е проект на Министерство за здравство и на Институт за јавно здравје на РМ, а поддржан е од УНФПА организацијата и од амбасадата на Кралството Холандија.
Исто така би било добро и младите да дојдат во советувалиштето за репродуктивно здравје и да се снабдат со средства кои би им помогнале за планирање на семејствата, бидејќи можат бесплатно и дискретно да бидат обезбедени.


„Советувалиштето не е само за младата популација, туку отворено е и за останатите граѓани кои имаат ваков вид потреба. Сепак, приоритет е на младата популација за пристап до информација за сексуално и репродуктивно здравје и контрацепција“, вели д-р Максимовска Симоновска.

Во Центарот за јавно здравје постои советувалиште и за бесплатни тестови и услуги за ХИВ СИДА, но луѓето речиси воопшто не доаѓаат.

„Имаме намален број на заинтересирани за сида тестовите. Исто така би било добро и младите да дојдат во советувалиштето за репродуктивно здравје и да се снабдат со средства кои би им помогнале за планирање на семејствата, бидејќи можат бесплатно и дискретно да бидат обезбедени“, вели д-р Марјан Денковски специјалист по социјална медицина.

Тој смета дека просторијата е на позиција која обезбедува доволна дискреција за оние кои сакаат да се тестираат или советуваат за сексуално и репродуктивно здравје со оглед дека е во делот на лабораториска дејност.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG