Достапни линкови

ХИВ позитивните дискриминирани во општеството


Вирусот на Сида
Вирусот на Сида

Во 2009 се регистрирани шест нови ХИВ позитивни. Од невладината организација Хера велат дека ХИВ позитивните се дискриминирани и изолирани во македонското општество

Во последните неколку месеци вниманието на здравствениот систем е наосечено кон спречување на ризиците од новиот грип но
здравствените власти велат дека имаат кадар и капацитет за овомзожување
соодветна здравствена услуга на останатите категории заболени меѓу кои и на заболените од Хив- Сида. Она со кое што се соочуваат лицата кои живеат со Хив е состојбата на нивна автостигма и изолираност и главно проблемот да се соочат со одлагање на
Откривањето на статусот кај некој општ лекар, или кај својот работодавач, по автоматизам предизвикува дискриминирање, изолирање.
здравствената услуга кога ќе го откријат својот статус во поширокиот здравствен ситем, вели Драшко Костовски од невладината организација Хера. Тој нагласува дека тоа не е случај со специјалзираните тимови што посредуваат, влијаат и ги едуцираат другите здравствени лица за да може луѓето кои живеат со ХИВ да ја добијат најдобрата можна здравствена услуга.

„Откривањето на статусот кај некој општ лекар, или кај својот работодавач, по автоматизам предизвикува дискриминирање, изолирање.“

Прашањето е што ке се случи односно како пошироката популација ке регира кога лицето ке го открие својот статус. Хив статусот е нешто што е непосакувано, табу и нешто на што се одлага да се посвети внимание зошто е во областа што е сокриена оценува невладиниот сектор . Во Македонија, функционира таканаречено теренско ХИВ/СИДА советување и тестирање, при што теренско возило од Министерството за здравство покриено со еден советувач од невладиниот сектор и четири лаборанти од Институтот за јавно здравје Тие функционираат во главниот град и на одредени места и локации во државава.

„Практично околу 40 проценти од откриените случаи се од оваа работа.“

ХИВ претставува економска социјална и здравствена опасност во ниво на светот. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон нагласи дека има потреба од глобално партнерство и целсосна владина поддршка за справување со проблемот

„Знаете дека ние направивме прогрес , но ние се соочуваме со незпирлива памдемија од која никој не е поштеден и која претствува предизвик за здравствениот сисиетм на нашето време.“

Во светот минатата година од СИДА починале два милиона луѓе.вВо Македонија од 1989 до 2009 година се регистрирани 119 случаи, шест ХИВ позитивни случаи и еден заболен од СИДА, се регистрирани во 2009 година во Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG