Достапни линкови

Нова битка на Тодоров со „невидливите“


Архивска фотографија- Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.
Архивска фотографија- Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Активирањето на целокупниот државен здравствен инспекторат претставува уште една злоупотреба на министерот на државна институција. Прво го злоупотреби судот, а сега го злоупотребува Државниот санитарен инспекторат, вели претседателот на синдикатот на Кличнички центар доктор Дејан Ставриќ.

По соопштението што го објави државниот санитарен инспекторат во кое ги повикува пациентите со тешки заболувања да му се обратат доколку не им биде пружена заштита поради штрајкот на лекарите, директорот на инспекторатот Џевџес Шакири денеска вели дека инспекторатот само ќе ја врши својата вообичаена работа и ќе го прави тоа што е дел од негоивите вообичаени надлежности и задачи.
Јас ќе кажам дека тоа е вообичаена работа, а од терен ќе зависат претставките. Сега ќе видиме што има на терен, дали ќе има претставки, по кој основ и како и потоа ќе се направи анализа на тоа. Инаку работата е сосема вообичаена, нема ништо посебно.
Џевџес Шакири, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.


„Јас ќе кажам дека тоа е вообичаена работа, а од терен ќе зависат претставките. Сега ќе видиме што има на терен, дали ќе има претставки, по кој основ и како и потоа ќе се направи анализа на тоа. Инаку работата е сосема вообичаена, нема ништо посебно.“

Во министерството за здравство ни рекоа дека деновиве имале голем број повици од пациенти на кои не им била укажана помош, меѓу кои и такви кои имаат малигни заболувања и на кои им е потребна хируршка интервенција.
Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.
Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.

Претседателот на синдикатот на Кличнички центар доктор Дејан Ставриќ ваквите информации ги смета за манипулација од страна на министерството и одговорно тврди дека ниту еден пациент на кој му е потребна итна помош не е вратен од Клиниката, како и тоа дека неколку клиники и не штрајкуваат поради специфичноста на работата која ја работат.
Активирањето на целокупниот државен здравствен инспекторат претставува уште една злоупотреба на министерот на државна институција. Прво го злоупотреби судот, а сега го злоупотребува Државниот санитарен инспекторат.
Доктор Дејан Ставриќ, Самостоен синдикат на Кличнички центар-Скопје.

За присуството на инспекторите според најавите во соопштението од инспекторатот, вели дека е уште една злоупотреба од страна на ресорниот министер.

„Активирањето на целокупниот државен здравствен инспекторат претставува уште една злоупотреба на министерот на државна институција. Прво го злоупотреби судот, а сега го злоупотребува Државниот санитарен инспекторат.“

Лекарите не веруваат дека станува збор за вообичаена процедура и уште повеќе дека ќе има веродостојни извештаи со оглед на претходната комуникација со министерот и неговите реакции во врска со штрајкот. За министерот ние сме невидливи, немаме никаква комуникација со што токму тој им наштетува на пациентите, вели Ставриќ.

Лекарите стапија во штрајк на 14 минатиот месец пред се поради најавата за плаќање по учинок, но како ни пред тоа ниту по отпочнувањето на штрајкот не постигнаа никакво приближување со министерството.
Протестен марш на белите мантили
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00
XS
SM
MD
LG