Господине Алексов, власта ги усвои измените на изборниот законик без гласовите на опозицијата, од каде коментираат дека се бега од прецизна изборна регулатива. Дали фали прецизност во Изборниот законик?
Граѓанската асоцијација МОСТ беше дел од работењето на измените на Изборниот законик. Процесот го водеше Министерството за правда и се уште го води. Зошто е тоа битно како информација ќе елаборирам подолу. Во секој случај добро е што се отвори Изборниот законик и добро е што се разгледуваа препораките на ОБСЕ/ОДИХР од извештајот за последните избори од 2011. Тоа што е клучно да се потенцира е дека секоја измена што е во духот или во согласност со тие препораки е извесно подобрување на Изборниот законик. Исто така не можеме да побегнеме од фактот дека не се инкорпорираа, односно не се прифатија сите препораки коишто беа дел од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР од последните избори во 2011 година и тоа само по себе кажува дека има уште работа во Изборниот законик, значи треба да се работи на него. Фактот дека работната група не е распуштена и се уште работи и по изгласувањето на измените во Изборниот законик, активна е работната група, значи тој показетел говори само по себе дека има уште работа. Треба да се средат уште некои препораки од пакетот што го понуди ОДИХР. Има препораки кои се целосно прифатени, има препораки што се делумно прифатени, а според анализата што ја имаме ние, осум препораки не се воопшто прифатени. Граѓанската асоцијација МОСТ ќе продолжи да биде дел од работната група и тоа што исто така е битно во оваа фаза е да се покаже политичка волја за да се прифатат тие препораки. Добар показател е што продолжува да работи работната група, меѓутоа да видиме што ќе продуцира на крајот и што од овие препораки кои не се прифатени ќе стане предмет на интервенција или предлог за измена и дополнувања на Изборниот законик.
Актуелна тема се избирачките списоци за кои имаше забелешки дека дополнително треба да се прочистуваат. Зошто оваа проблематика е важна за граѓаните?
Не е важна само за граѓаните, таа проблематика е важна за целокупниот изборен процес и за довербата во изборниот процес. Избирачките списоци се тема на разговор веќе две децении. Ако гледаме хронолошки, секоја владејачка гарнитура и секоја опозициска гарнитура во Република Македонија реагирале на различни начини во овие дваесет години и секогаш тоа го правеле во предизборието. Граѓанската асоцијација МОСТ е дел од работната група што работи на чистење на избирачкиот список, односна на подобрување на квалитетот на избирачкиот список. Тоа што доаѓа на позитивен сигнал, според нас, е одлуката на работната група од последната нејзина седница кадешто е одлучено дека оние граѓани што немаат биометриски лични документи, значи пасош или лична карта, да бидат избришани од избирачкиот список. Нашата препорака, која се надеваме дека ќе биде прифатена, е покрај тоа што се донесе оваа одлука, институциите да направат се што е во нивна моќ да ги информираат оние граѓани кои немаат според законот извадено нови биометриски лични документи тоа да го сторат во одреден период, со цел да бидат вратени на избирачкиот список, и покрај тоа што им е дадено правото на глас во моментов да може истото да го остварат на изборниот ден.
Имаше информација дека се издаваат лични документи на луѓе од Мала Преспа пред претстојните избори, што во јавноста беше протолкувано како подготовка за локалните избори. Дали сте информирани за овој случај?
Ние случајот го следевме преку медиумите и веќе имаме издадено став по ова прашање. Тоа што е битно да се утврди во дадениов случај се три работи. Прва работа е да се утврди дали тие луѓе се запишани во избирачкиот список или не. Втората работа е, ако се запишани во избирачкиот список, каде гласале на претходните избори и од кои општини мигрирале во општината што ја споменавте. И третата работа е дали откако ќе им се издадат или им се издале, не знаеме се уште, пасоши и лични карти, дали тие луѓе ќе бидат избришани од избирачкиот список во оние општини кадешто претходно биле заведени како гласачи и го остварувале или не го оствариле своето право на глас. Тоа се трите работи за кои во оваа фаза треба да се добијат информации. Ние и тогаш, еве и сега даваме апел до институциите да постапат по тоа прашање и да одговориме на овие прашања, со што би се добило на транспарентност и на доверба во самиот избирачки список и во самиот избирачки процес што следи.
Во последно време се актуализираат меѓуетничките односи, дали разгорувањето на тензиите може да предизвикаат проблеми на претстојниот гласачки процес?
Ова прашање ни го поставуваат многу често. Во принцип ние не ги коментираме меѓуетничките односи, затоа што сме специјализирани за една друга област, меѓутоа се разбира дека еден дел од таа тема ги опфаќа и изборите. Ако ја гледате структурата на политичките партии на политичката сцена во Република Македонија ќе забележите дека политичките партии се моноетнички. Со други зборови, имаме партии кои се чисто ориентирани, кои кога одат на избори, нудат и ги бараат гласовите во рамките на сопствениот етнички кампус. Што значи тоа? Тоа значи дека се додека имаме една таква поставеност, едно такво функционирање на политичкиот систем, овие партии како приоритет ќе имаат националистички пораки со цел да се здобијат со што поголем број на гласови во рамките на својот етникум. Суштинскиот проблем тука можеби нема да го почувствуваме на следните избори, меѓутоа за жал партиите не се свесни каква штета прават на подолг рок. Во изминатите речиси две години, граѓанската асоцијација МОСТ, промовираше и заговара, една измена на изборниот модел, а тоа е премин од пропорционален изборен систем со затворени листи каков што е сега во Република Македонија, каде партијата го добива ексклузивитетот да ги подреди кандидатите од број еден до број дваесет, при што на кандидатот не му се дава можност да гласа за кандидат, туку мора да гласа за листата во пакет. Со тоа политичката партија однапред или предетерминира за тоа кој ќе освои мандат, со оглед на тоа дека скоро секогаш првите пет места се добитни кај поголемите партии. Тоа што го нудиме ние е премин, да не се менува изборниот модел, туку само да се интервенира во него, а тоа е да остане пропорционален изборен модел, но да има отворени листи. Тоа би донело една суштинска измена за нас, гледано од граѓански аспект и застапувајќи ги интересите на граѓаните, би довела до една ситуација во која граѓанинот ќе може да заокружи кандидат на листата, а со тоа и да влијае на распоредот и рангот на кандидатите на самата листа, па така што можеби не секогаш тоа што го понудила партијата како бројка од еден до дваесет ќе остане без никаква промени и при распределбата на кандидатите. Со други зборови, граѓаните ќе добијат можност да влијаат на распоредот на кандидатите, а со тоа, значи тоа што е еден од нашите аргументи, политичките партии ќе добијат можност на своите листи да стават кандидати со друга етничка припадност и да ги бараат гласовите и на другите етнички заедница во Република Македонија, со тоа што тие кандидати ќе бидат ставени на гласање кај нивниот етникум и со тоа од моноетнички политички партии се надеваме да дојдеме до еден на подолг рок политичкиот систем ќе го смени својот изглед и од чисти етнички партии ќе премине во мешани етнички партии, односно во мултиетнички.
Кои се активностите на МОСТ во пресрет на изборите?
Граѓанската асоцијација МОСТ по прашање на изборите кога е неизборен период е активна на полето на подобрување на Изборниот законик, како и нудење на одредени решенија со коишто, според нас, врз основа на нашето искуство и нашата експертиза, изборниот процес во Република Македонија, а со тоа и интересите на граѓаните и на политичките партии ќе добијат на квалитет и ќе бидат поадекватно артикулирани. Што се однесува со самиот изборен процес и набљудувањето на изборниот процес, граѓанската асоцијација МОСТ како и досега, од 2002 година па наваму, како што ги набљудувавме сите изборни процеси и референдуми во Република Македонија, така ќе го набљудуваме и претстојниот изборен процес, иако имаме уште 4-5 месеци до тогаш. Подготвени сме како и секогаш, тоа сме го докажале и во минатото со предвремените избори, кога во рок од еден месец сме успевале да ја воспоставиме мрежата, да ги регрутираме граѓаните, да ги обучиме и да ги распоредиме на избирачките места, со други зборови капацитетот којшто го имаме во рамките на нашето функционирање е сосема доволен, посебно кога станува збор за редовен изборен процес, тоа да го сториме во една многу помирна атмосфера и да се подготвиме многу добро за тој процес. И на овие избори нашиот план е околу 4.000 граѓани да бидат акредитирани, од нив дел да бидат обучени и можеби нема да можеме да ги распоредиме сите 4.000 меѓутоа како и досега што сме правеле да го задржиме моментот со кој ќе покриеме околу 60 и 65 проценти од вкупниот број на избирачки места во Република Македонија. Со тоа ќе им дадеме можност како што реков на скоро 4.000 граѓани преку своето присуство на избирачките места во текот на изборниот ден да дадат придонес кон зголемување на транспарентноста и квалитетот на изборниот процес во Република Македонија.
Дали организацијата е подготвена во случај да се остварат шпекулациите за предвремени парламентарни избори во март, заедно со локалните?
Техниката на гласање е иста, може да има повеќе избирачки кутии, повеќе избирачки ливчиња, меѓутоа избирачките места и бројот на избирачките места е тој, бројот со кој ќе ги покриеме избирачките места нема да биде променет, со таа разлика што можеби ќе има малку повеќе работа за нашите регионални соработници кои во текот на кампањата ги покриваат и настаните на политичките партии, со тоа интензитетот и динамиката ќе биде поголема, меѓутоа дали станува збор за еден изборен процес или да два изборни процеси, дали ќе бидат во еден ден, дали ќе бидат во различни денови, тоа за нас не менува ништо.