Добро е што се отвори изборниот законик и што се разгледуваа препораките на меѓународните организации, вели директорот на граѓанската асоцијација МОСТ во Неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Дарко Алексов вели дека не сите препораки се вклучени во дополнетата верзија на легислативата.
„Исто така не можеме да побегнеме од фактот дека не се инкорпорираа, односно не се прифатија сите препораки коишто беа дел од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР од последните избори во 2011 година и тоа само по себе кажува дека има уште работа во изборниот законик, значи треба да се работи на него.“
Фактот дека работната група се уште не е распуштена говори за тоа дека има уште работа додава Алексов.
„Треба да се средат уште некои препораки од пакетот што го понуди ОДИХР. Има препораки кои се целосно прифатени, има препораки што се делумно прифатени, а според анализата што ја имаме ние осум препораки не се воопшто прифатени.“
Владејачкото мнозинство ги изгласа измените на законот во отсуство на опозицијата. Опозиционерите забележуваат дека власта се плаши од детални измени на законите.
Премиерот реплицираше:
„Опозицијата си бара алиби за да го оправда поразот на претстојните локални избори.“
Законот не може да биде ничие алиби, забележува политикологот Соња Стојадиновиќ.
„Секоја партија си е одговорна за своите резултати после изборите, врз основа на тоа што го понудила во периодот додека била на власт или била во опозиција и врз основа на тоа што понудила во програмата.“
Користењето на законот за дневнополитички препукувања не е невообичаено во земјава, смета Стојадиновиќ.
„Во Македонија е нормало, но не е нормало да се користи во нормални демократии. Но ништо ново и ништо чудно нема ако кај нас тоа се користи за дневнополитичка цел.“
Исто така не можеме да побегнеме од фактот дека не се инкорпорираа, односно не се прифатија сите препораки коишто беа дел од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР од последните избори во 2011 година и тоа само по себе кажува дека има уште работа во изборниот законик, значи треба да се работи на него.Дарко Алексов, Граѓанската Асоцијација МОСТ.
Дарко Алексов вели дека не сите препораки се вклучени во дополнетата верзија на легислативата.
„Исто така не можеме да побегнеме од фактот дека не се инкорпорираа, односно не се прифатија сите препораки коишто беа дел од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР од последните избори во 2011 година и тоа само по себе кажува дека има уште работа во изборниот законик, значи треба да се работи на него.“
Фактот дека работната група се уште не е распуштена говори за тоа дека има уште работа додава Алексов.
„Треба да се средат уште некои препораки од пакетот што го понуди ОДИХР. Има препораки кои се целосно прифатени, има препораки што се делумно прифатени, а според анализата што ја имаме ние осум препораки не се воопшто прифатени.“
Секоја партија си е одговорна за своите резултати после изборите.Соња Стојадиновиќ, политиколог.