Собранието со 66 гласови „за“ денеска ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик, откако синоќа заврши собраниската расправа. Законот беше изгласан со Бадентеров принцип, односно го поддржаа 18 пратеници од заедниците. На денешната седница беа донесени и измените на Законот за финансирање на политичките партии со 74 гласа „за“.
Опозицијата не гласаше. Од СДСМ обвинуваат дека власта сама, без опозицијата, на мускули ги изгласа новите изборни правила. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, обвини дека власта бега од прецизна изборна регулатива која ќе овозможи фер и демократски избори.
„Во измените нема ништо од препораките на ОБСЕ и ОДИХР и се тапија за притисок, уцена и фалсификат на власта. Тоа ќе овозможи корумпирање и на гласачите и на медиумите“, изјави Ивановски.
Тој го повика владејачкото мнозинство да ги прифати предлог-измените поднесени од опозицијата. Во спротивно ќе се потврди сомневањето дека власта се плаши од фер соочување, рече тој.
Од власта, пак, велат дека измените на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии се направени во согласност со укажувањата на ОБСЕ/ОДИХР, како и од препораките на ГРЕКО.
„Во последните 20 години, секој изборен циклус е подобар од претходниот и тоа не може да биде негирано затоа што е запишано во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР. Затоа, колку и да се трудите како алиби да ги користите наводните изборни нелогичности за да ги оправдате поразите што досега ви се случиле или ќе ви се случат, тоа не може да биде аргумент што ќе го користите во иднина“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска дебата за Изборниот законик.
Од владејачката партија покренаа иницијатива да се потпише петиција и да се побара од претседателот на ДИК да се забрза прочистувањето на избирачкиот список.
Опозицијата оценува дека нема да има фер-избори во 2013 година затоа што нема елементарни услови за нивно одржување.
Од Министерството за правда на вчерашната седница оценија дека предложените измени и дополнувања на Изборниот законик гарантираат слободни и фер избори, и дека тоа го потврдиле и меѓународните организации кои се занимаваат со набљудување на изборите, како и домашни невладини организации кои директно или индиректно се вклучени во спроведувањето на изборите.
„Во однос на тоа дека цело време се инсистира дека од страна на Владата или парламентарното мнозинство не постоело политичка волја во делот на постигнување компромис не би рекла дека е точно бидејќи постојано на комисиските расправи беше правен обид предложениот амандман од СДСМ за одвојување на државата од партијата да се усогласи во рамки на она што значи препорака на ОБСЕ. Најголем дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР се адресирани во Изборниот законик“, изјави заменик-министерката за правда Билјана Бришкоска Бошковски.
Што содржат измените?
Со измените на Изборниот законик, според власта, се предвидува одделување на државата од политичките партии, обезбедување правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на Државната изборна комисија и дефинирани рокови за донесување судски одлуки по приговори поднесени од Советот за радиодифузија.
Измените на Законот за финансирање на политичките партии се во насока на транспарентност во финансирањето на политичките партии и достапност на податоците во регистарот на донации преку јавно објавување, зајакнување на системот на контрола и задолжителен надзор на работењето на политичките партии и воспоставување правна заштита преку санкции за непостапување и непочитување на законските обврски и рокови за поднесување на финансиските извештаи.
Со измените се предвидува политичките партии на својата веб страница да го објавуваат регистарот на донации на секои шест месеци, потоа Министерството за финансии најмалку еднаш годишно да спроведува обуки за партиите за материјално финансиско работење и начинот на пополнување на годишниот финансиски извештај.
Доколку политичката партија во законски пропишаниот рок не достави годишен извештај до Државниот завод за ревизија, измените предвидуваат запирање, односно суспензија на исплатата на средства за редовно годишно финансирање од Буџетот на Македонија. Запирање на исплатата на средствата може да се случи и на политичка партија која нема да ги објави податоците за донациите примени во текот на годината. Одлуката за запирање на исплатата според предлогот ќе ја носи министерот за правда. Членот 27 В од измените предвидува независно од прекршочната одговорност политичката партија која во пропишаниот рок нема да го објави годишниот финансиски извештај согласно овој закон го губи правото на редовно годишно финансирање од буџетот за период од три месеци. Исто така оваа одлука ја донесува министерот за правда и против неа може да се поведе управен спор.
Во измените нема ништо од препораките на ОБСЕ и ОДИХР и се тапија за притисок, уцена и фалсификат на власта. Тоа ќе овозможи корумпирање и на гласачите и на медиумите.Игор Ивановски, СДСМ.
Опозицијата не гласаше. Од СДСМ обвинуваат дека власта сама, без опозицијата, на мускули ги изгласа новите изборни правила. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, обвини дека власта бега од прецизна изборна регулатива која ќе овозможи фер и демократски избори.
„Во измените нема ништо од препораките на ОБСЕ и ОДИХР и се тапија за притисок, уцена и фалсификат на власта. Тоа ќе овозможи корумпирање и на гласачите и на медиумите“, изјави Ивановски.
Тој го повика владејачкото мнозинство да ги прифати предлог-измените поднесени од опозицијата. Во спротивно ќе се потврди сомневањето дека власта се плаши од фер соочување, рече тој.
Во последните 20 години, секој изборен циклус е подобар од претходниот и тоа не може да биде негирано затоа што е запишано во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР. Затоа, колку и да се трудите како алиби да ги користите наводните изборни нелогичности за да ги оправдате поразите што досега ви се случиле или ќе ви се случат, тоа не може да биде аргумент што ќе го користите во иднина.Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
Од власта, пак, велат дека измените на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии се направени во согласност со укажувањата на ОБСЕ/ОДИХР, како и од препораките на ГРЕКО.
„Во последните 20 години, секој изборен циклус е подобар од претходниот и тоа не може да биде негирано затоа што е запишано во извештаите на ОБСЕ и ОДИХР. Затоа, колку и да се трудите како алиби да ги користите наводните изборни нелогичности за да ги оправдате поразите што досега ви се случиле или ќе ви се случат, тоа не може да биде аргумент што ќе го користите во иднина“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска дебата за Изборниот законик.
Од владејачката партија покренаа иницијатива да се потпише петиција и да се побара од претседателот на ДИК да се забрза прочистувањето на избирачкиот список.
Опозицијата оценува дека нема да има фер-избори во 2013 година затоа што нема елементарни услови за нивно одржување.
Во однос на тоа дека цело време се инсистира дека од страна на Владата или парламентарното мнозинство не постоело политичка волја во делот на постигнување компромис не би рекла дека е точно бидејќи постојано на комисиските расправи беше правен обид предложениот амандман од СДСМ за одвојување на државата од партијата да се усогласи во рамки на она што значи препорака на ОБСЕ. Најголем дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР се адресирани во Изборниот законик.Билјана Бришкоска Бошковски, заменик-министерка за правда.