Иако не ја исклучуваат можноста за предвремени избори во декември, македонските аналитичари уверуваат дека тие не ни се потребни. Изборите не би произвеле никаква значителна промена во распоредот на политичките сили, а од друга страна би биле финансиско оптоварување кое ќе го почувствуваат граѓаните, велат политиколозите.
„Политичките елити во Македонија треба малку повеќе да им придаваат важност на посуштествените прашања. Ако надминувањето на проблемите го гледаме преку одржувањето на избори, ние сме го изгубиле патот во нашиот двор“, изјави универзитетскиот професор Етем Азири.
Од Институтот за политички и правни истражувања велат дека временски е возможно да се спроведат потребните измени во Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ, ако за тоа постои политичка волја.
„Да, може да се завршат, нели се на дневен ред во Собранието, се пеглаат тие работи, се средува Изборниот законик, да се имплементираат тие препораки од ОБСЕ за кои нели се заложија сите партии. Генерално може да се стигне“, изјави политикологот Владимир Божиновски.
Тој потврдува дека во моментот на ниту една партија не и одговараат избори порано од локалните во март следната година и оти новите избори нема многу да ги поместат политичките сили, односно коалицијата најверојатно повторно ќе ја прават ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според Божиновски, таквото сценарио е особено неповолно за опозицијата.
„Би и одговарало на опозицијата избори следната есен. Тоа е период кога мислам дека повеќе би им одговарале, бидејќи условно до тогаш би биле подобро организирани, би се решиле некои би рекол судири коишто очигледно постојат на внатре партиско ниво. Нема да може да одговорат на задачата на парламентарни избори доколку тие се одржат порано“, вели Божиновски.
Неколкупати досега политичките партии од македонскиот и албанскиот политички блок соопштија дека се подготвени за предвремени избори. Ако изборите се неопходни, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори, иако тоа не ни е фокус во моментот, изјави неодамна Илија Димовски од оваа партија.
Информациите дека ДУИ ќе бара избори во декември ако Македонија не добие датум за преговори есенва, од оваа партија не ги потврдија.
Од опозицискиот СДСМ се изјаснија дека се подготвени за предвремени избори, но сакаат тие да се случат тогаш кога ќе бидат направени потребните измени во Изборниот законик и кога ќе биде прочистен избирачкиот список.
Политичките елити во Македонија треба малку повеќе да им придаваат важност на посуштествените прашања. Ако надминувањето на проблемите го гледаме преку одржувањето на избори, ние сме го изгубиле патот во нашиот двор.Етем Азири, универзитетски професор.
„Политичките елити во Македонија треба малку повеќе да им придаваат важност на посуштествените прашања. Ако надминувањето на проблемите го гледаме преку одржувањето на избори, ние сме го изгубиле патот во нашиот двор“, изјави универзитетскиот професор Етем Азири.
Од Институтот за политички и правни истражувања велат дека временски е возможно да се спроведат потребните измени во Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ, ако за тоа постои политичка волја.
Би и одговарало на опозицијата избори следната есен. Тоа е период кога мислам дека повеќе би им одговарале, бидејќи условно до тогаш би биле подобро организирани, би се решиле некои би рекол судири коишто очигледно постојат на внатре партиско ниво. Нема да може да одговорат на задачата на парламентарни избори доколку тие се одржат порано.Владимир Божиновски, политиколог.