Коалициските партнери од широкиот опозициски фронт сметаат дека интерпелацијата е добар начин во услови на конфронтации меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да излезе на виделина на што се должи овој наводен раскол.
ДУИ во јавноста се посочува како партијата која треба да се изјасни дали ќе и даде легитимитет на натамошната соработка или пак со чинот на негласање ќе предизвика парламентарни предвремени избори. Бујар Османи изјави дека во овој момент нема да ја коментираат иницијативата за интерпелација, односно дека тоа ќе го сторат кога ќе ги разгледаат причините поради кои се поднесува барањето за гласање за доверба на владата.
„ДУИ официјално ќе коментира кога формално и ќе биде поднесена интерпелацијата. До тогаш мислам дека е несериозно да се коментира интерпелација која не е поднесена“, вели Османи.
ДУИ и досега тврдеше дека не се за напуштање на коалицијата, а изворот на незадоволство го гледаа во законот за бранители. Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека легитимно право е на опозицијата да поднесе интерпелација и не гледаат ништо изненадувачко во тоа, односно дека ќе се испочитува собраниската процедура и во согласност со роковите ќе се закаже седница.
Коалициските партнери од опозицискиот фронт немаат илузија дека ќе падне владата, но велат дека е добра идеја проверката на нејзината доверба.
„Искрено, раководејќи се од досегашното искуство кога се гласало за доверба на влада, не верувам дека владејачките партии ќе гласаат за свое распуштање, но дефинитивно јасно да се види дали има толкав степен на недоразбирање кое може да го доведе во прашање нивното заедничко опстојување во владејачката коалиција“, вели Тито Петковски од НСДП.
Тој вели дека би било добро да се види однесувањето на коалициските партнери по последните настани што предизвикаа напнатост во нивните односи.
„Смислата на интерпелацијата ја гледам во тоа што оваа магла што ја посеаја владејачките партии во изминативе 10-15 дена треба да се тргне. Точно да се види на што се должи овој наводен раскол меѓу владејачките партии. Од една страна фино си функционираат кога станува збор за привилегиите од власта, а од друга страна, сериозно ги влошуваат меѓуетничките односи“, вели Петковски.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во саботата од митинг од Битола најави дека оваа недела нивната пратеничка група ќе поднесе интерпелација на Владата и дека во парламентот ќе се види како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за прашањето дали министерот Фатмир Бесими треба да остане на својата функција, а како ДУИ ќе гласа за тоа Јанкулоска да остане на функцијата или, пак, како што рече, сплотено ќе гласаат како тендерската влада да остане на власт.
ДУИ официјално ќе коментира кога формално и ќе биде поднесена интерпелацијата. До тогаш мислам дека е несериозно да се коментира интерпелација која не е поднесена.Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
ДУИ во јавноста се посочува како партијата која треба да се изјасни дали ќе и даде легитимитет на натамошната соработка или пак со чинот на негласање ќе предизвика парламентарни предвремени избори. Бујар Османи изјави дека во овој момент нема да ја коментираат иницијативата за интерпелација, односно дека тоа ќе го сторат кога ќе ги разгледаат причините поради кои се поднесува барањето за гласање за доверба на владата.
Смислата на интерпелацијата ја гледам во тоа што оваа магла што ја посеаја владејачките партии во изминативе 10-15 дена треба да се тргне. Точно да се види на што се должи овој наводен раскол меѓу владејачките партии. Од една страна фино си функционираат кога станува збор за привилегиите од власта, а од друга страна, сериозно ги влошуваат меѓуетничките односи.Тито Петковски, НСДП.