Достапни линкови

Лево-десните коалиции не се новост


Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција. Стојанче Ангелов (Достоинство), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Бранко Црвенковски (СДСМ), Андреј Жерновски (ЛДП), Раде Милососки (ОМ).
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција. Стојанче Ангелов (Достоинство), Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Бранко Црвенковски (СДСМ), Андреј Жерновски (ЛДП), Раде Милососки (ОМ).

Кај политичките партии доминира прагматизмот, а идеологијата е одамна заборавена работа, велат аналитичарите.

Идеолошката некомпактибилност на партиите од широката опозициска коалиција не треба да зачудува, затоа што и владејачката коалиција е составена од идеолошки различни партии па функционира повеќе од шест години, велат аналитичарите со кои разговаравме.
Народот кога доаѓа на гласачкото место не сака неговиот глас да оди во воздух, да биде изгубен глас и секогаш се врзува онаму кадешто смета дека е посилно. Видовме досега дека воглавно кога имате голема коалиција на голем број политички партии некако влијае психолошки на граѓаните да го дадат својот глас или за едната или за другата страна.
Јове Кекеновски, универзитетски професор.

Нив ги прашавме како ќе се одрази коалицијата меѓу лево ориентираниот СДСМ, со ЛДП од политичкиот центар и десно ориентираните ВМРО-НП, ОМ и Достоинство, на нивните членови и симпатизери.
Архивска фотографија: Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес-конференција во партиското седиште во Скопје.
Архивска фотографија: Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес-конференција во партиското седиште во Скопје.

Тие велат дека партиите во Македонија се само декларативно левичарски или десничарски, но и ако се земе тоа за точно, потсетуваат дека и владејачката коалиција по идеолошкиот состав на партиите е исто така различна, па обединува партии од левицата како Социјалистичка партија, преку центарот како што е ДОМ на Лилјана Поповска, па сè до конзервативната ВМРО-ДПМНЕ.

Професор Јове Кекеновски вели дека кај политичките партии доминира прагматизмот и оти идеологијата е одамна заборавена работа.
Ако гласачите имаат одредена политичка ориентација, тие ќе ја поддржуваат таа политичка партија, но ако се направи комбинација се покажува дека не функционира на тој начин. Тоа значи дека не може по автоматизам да ги очекуваме сите гласови, но факт е дека ќе имаат поголем број гласови како заедничка коалиција.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

„Народот кога доаѓа на гласачкото место не сака неговиот глас да оди во воздух, да биде изгубен глас и секогаш се врзува онаму кадешто смета дека е посилно. Видовме досега дека воглавно кога имате голема коалиција на голем број политички партии некако влијае психолошки на граѓаните да го дадат својот глас или за едната или за другата страна“, вели Кекеновски.

Опозициските поддржувачи аргументираат дека, ако опозицијата се обединеше, ќе победеше на предвремените парламентарни избори минатата година. Резултатите од изборите покажуваат дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 438 илјади гласови, додека збирот на гласови на коалицијата на СДСМ, плус гласовите на ВМРО-НП, ОМ, ЛДП и Достоинство е 439 илјади гласови. Тие додаваат дека гласовите за овие четири партии од коалицијата отишле „во ветер“, затоа што никој од нив не освои пратеничко место и покрај тоа што заедно освоија повеќе од 50 илјади гласови.

Професор Мерсел Биљали вели дека големите коалиции несомнено носат и повеќе гласови, но оти е наивно да се очекува дека на наредните избори опозицијата може да се надева на прост збир на гласовите на сите политички партии од коалицијата.

„Сите избори докажаа дека тоа не е оди така по автоматизам. Значи дека, ако гласачите имаат одредена политичка ориентација, тие ќе ја поддржуваат таа политичка партија, но ако се направи комбинација се покажува дека не функционира на тој начин. Тоа значи дека не може по автоматизам да ги очекуваме сите гласови, но факт е дека ќе имаат поголем број гласови како заедничка коалиција“, вели Биљали.

Македонскиот дел од опозицијата, односно коалицијата на СДСМ, ЛДП, ВМРО-НП, Достоинство и Обединети за Македонија, вчера и формално се обедини во коалиција „За иднината на Македонија“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG