Достапни линкови

СДСМ во руво на ВМРО-ДПМНЕ


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Тоа што во последниот период е честа појава опозицијата да ги поддржува ставовите на вледеачката ВМРО-ДПМНЕ е класичен обид за додворување на гласачите пред локалните избори, но и немање јасна визија за одредени стретешки прашања, велат аналитичарите.

Како борба за политички поени и демонстрација на популизам, аналитичарите го оценуваат однесувањето на опозициската СДСМ и нејзиниот став за предлог меморандумот за разбирање на Грција, кој од оваа партија го отфрлија како штетен. Тоа што во последниот период е честа појава опозицијата да ги поддржува ставовите на вледеачката ВМРО-ДПМНЕ е класичен обид за додворување на гласачите пред локалните избори, но и немање јасна визија за одредени стретешки прашања, велат аналитичарите.
СДСМ се повеќе се обидува преку определен популизам да им се додвори на гласачите. Тие сметаат дека доколку копираат определени стратегии на противникот, дека ќе успеат да им се приближат повеќе на гласачите, што е погрешно.
Владимир Божиноски, Институт за политички и правни истражувања.

„СДСМ се повеќе се обидува преку определен популизам да им се додвори на гласачите. Тие сметаат дека доколку копираат определени стратегии на противникот, дека ќе успеат да им се приближат повеќе на гласачите, што е погрешно“, вели Владимир Божиноски од Институтот за политички и правни истражувања.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Тоа што двете партии не седнуваат на иста маса за да договорат заедничка стратегија за прашањето за името, е резултат на отсуството на јасна концепција и аргументи од страна на партиите, велат аналитичарите, откако од повиканите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не беа расположени да се изјаснат за ова прашање.
Се добива впечаток дека СДСМ имаат друг став, меѓутоа чекаат време или немаат смелост сега да го лансираат. Се повеќе се навлечени, односно вовлечени во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Се добива впечаток дека СДСМ имаат друг став, меѓутоа чекаат време или немаат смелост сега да го лансираат. Се повеќе се навлечени, односно вовлечени во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.

Но ваквото однесување на опозицијата во кое се повеќе се препознаваат елементи на популизам како и водењето на неконзистентна политика во однос на исклучително значајни прашања, може да даде негативни ефекти, вели Божиновски. Демократијата, вели тој, подразбира спротиставени мислења и ставови кај власта и опозицијата.

„Имам некое чувство дека во изминатиот период од СДСМ како да лутаат меѓу концепциите.“

Најголемата опозициска партија нема визија како да се позиционира во однос на ова стратешко прашање и слепо ја следи политиката на владејачката партија, вели Демири.

„Ставовите на опозицијата се нејасни, небулозни и не даваат можност да не направи некој став. ВМРО-ДПМНЕ се поагресивно и поупорно ја влече опозицијата да заземе таков став, под хипотеза дека се работи за разнебитување на македонскиот народ, македонскиот јазик.“

Од опозициската СДСМ вчера соопштија дека евентуалното потпишување на предложениот меморандум од наша стана, онака како што е предложен, ќе нанесе непоправлива штета на македонските национални интереси, бидејќи меморандумот прецизно ја ограничува рамката во која би се воделе евентуалните преговори.

Премиерот Никола Груевски изјави дека меморандумот го сфаќа како обид за позитивна комуникација од страна на Грција, а министерот за надворешни работи Никола Попоски со писмо одговори на предлог документот, во кое во пет точки наведе дека добрите соседи работат на намалување на чувството на загрозеност, заемно го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и поттикнуваат прекугранично поврзување.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG