Во Македонија има системска хомофобија, реагираат активистите за заштита на човекови права.
Директорот на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Славчо Димитров вели дека изворот на хомофобијата и дискриминацијата на сексуалните малцинства е првично системска. Тој посочува дека институциите на системот немаат волја да преземат афирмативни политички чекори за промовирање на еднаквоста и уважување на правата на сексуалните малцинства. Има дискриминаторски и хомофобични изјави од високи државни функционери, телата за заштита од дискриминација не се независни од извршната власт, во средното и во високото образование има учебници и настава која експлицитно промовира хомофобија и ги патологизира и криминализира луѓето со нехетеросексуална ориентација, а медиумите во најголем дел се промотори на хомофобијата, вели тој.
„Нити власта, нити медиумите, не заземаат проактивна улога на агенти кои ќе ја демократизираат македонската јавна сфера и коишто ќе дејствуваат во насока на менување на традиционалните стравови, стереотипи и хистерии кои постојат кај јавноста“, вели Димитров.
Димитров вели дека нивната критика е насочена кон власта, зашто таа ги носи и ги спроведува сите политички одлуки.
„Сите политички субјекти досега зборуваат срамежливо за овие прашања и тоа постојано е резултат на обидите за манипулација со гласачкото тело или за заштита на партиите како политички субјекти од можноста за губење гласачки поени и тоа е ситуација со сите политички субјекти во земјава. Исклучително ретки и срамежливи се некои проговорувања коишто се секогаш неутрални, секогаш општи, секогаш неспецифицирани итн.“, вели Димитров.
Универзитетската професорка Катерина Колозова вели дека во Македонија има и културна и институционална хомофобија. Главен проблем не е атакот врз правата на хомосексуалците, туку нивно сведување на невидливост, што е уште посуштинска системска хомофобија, вели таа.
„Се третираат безмалку како непостоечки. Постои некаков фантазам дека на декадентниот Запад постојат хомосексуалци, додека кај нас најверојатно не, или ако ги има, тоа се неколкумина инструирани луѓе од некакви си невидливи сили, политички или какви не. Значи, не постои вистинско препознавање на таа категорија луѓе како дел од општеството“, вели Колозова.
Таа вели дека за политичките елити да почнат да се менуваат, потребно е да се зголеми притисокот од јавноста, а за тоа е потребен посилен активизам и од граѓанскиот сектор, од културната сцена и од експертите.
Либералната партија на Македонија е единствениот политички субјект кој уште во 2005 година декларира поддршка за т.н. „регистрирани партнерства“, а не за истополови бракови и тоа е најдалеку што една партија има отидено во промоција на правата на ЛГБТ-заедницата. Пратеникот Ивон Величковски од оваа партија оценува дека министерот за труд и социјала Спиро Ристовски ја отвора темата за хомосексуални бракови и за посвојување деца од хомосексуални парови заради лична и партиска кампања, но никој досега не предложил таков закон.
„Помеѓу регистрираното партнерство и истополов брак има огромна разлика. Регистрираната заедница е практично дефинирана и со постојниот закон за семејство и таа практично подразбира социјални права, односно таа е еднаква на вонбрачната заедница која ја признава македонското законодавство. Таа се однесува на социјални права на партнерите во една таква заедница која не допира други прашања и затоа мислам дека ова прашање воопшто нема врска со неговата изјава, бидејќи е очигледно дека или тој не ја разбира разликата или воопшто не е заинтересиран за материјата“, вели Величковски.
Министерот Ристовски во саботата изјави дека нема да дозволи истополови бракови.
„Во законот за семејство е јасно дефинирано дека бракот е заедница меѓу маж и жена и така ќе остане се додека ние го раководиме министерството и додека ја раководиме владата. Во однос на посвојувањето деца од хомосексуални парови воопшто не сакам да дискутирам, затоа што сметам дека едно дете треба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој што ќе има мајка и татко во вистинска и во биолошка смисла на зборот“, рече Ристовски.
На изјавата на Ристовски реагираа неколку невладини организации за човекови права и за права на ЛГБТ заедницата. Тие побараа Комисијата за заштита од дискриминацијата јавно да излезе со став и да ја осуди изјавата на Ристовски.
Секретарот на СДСМ Андреј Петров изјави дека и неговата партија е против хомосексуални бракови. Со став се огласи и Синдикатот за образование, наука и култура, кој исто така се противи на легализација на хомосексуални бракови.
Сите политички субјекти досега зборуваат срамежливо за овие прашања и тоа постојано е резултат на обидите за манипулација со гласачкото тело или за заштита на партиите како политички субјекти од можноста за губење гласачки поени и тоа е ситуација со сите политички субјекти во земјава. Исклучително ретки и срамежливи се некои проговорувања коишто се секогаш неутрални, секогаш општи, секогаш неспецифицирани итн.Славчо Димитров, директор на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници.
Директорот на Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Славчо Димитров вели дека изворот на хомофобијата и дискриминацијата на сексуалните малцинства е првично системска. Тој посочува дека институциите на системот немаат волја да преземат афирмативни политички чекори за промовирање на еднаквоста и уважување на правата на сексуалните малцинства. Има дискриминаторски и хомофобични изјави од високи државни функционери, телата за заштита од дискриминација не се независни од извршната власт, во средното и во високото образование има учебници и настава која експлицитно промовира хомофобија и ги патологизира и криминализира луѓето со нехетеросексуална ориентација, а медиумите во најголем дел се промотори на хомофобијата, вели тој.
Се третираат безмалку како непостоечки. Постои некаков фантазам дека на декадентниот Запад постојат хомосексуалци, додека кај нас најверојатно не, или ако ги има, тоа се неколкумина инструирани луѓе од некакви си невидливи сили, политички или какви не. Значи, не постои вистинско препознавање на таа категорија луѓе како дел од општеството.Катерина Колозова, универзитетски професор.
Димитров вели дека нивната критика е насочена кон власта, зашто таа ги носи и ги спроведува сите политички одлуки.
„Сите политички субјекти досега зборуваат срамежливо за овие прашања и тоа постојано е резултат на обидите за манипулација со гласачкото тело или за заштита на партиите како политички субјекти од можноста за губење гласачки поени и тоа е ситуација со сите политички субјекти во земјава. Исклучително ретки и срамежливи се некои проговорувања коишто се секогаш неутрални, секогаш општи, секогаш неспецифицирани итн.“, вели Димитров.
Универзитетската професорка Катерина Колозова вели дека во Македонија има и културна и институционална хомофобија. Главен проблем не е атакот врз правата на хомосексуалците, туку нивно сведување на невидливост, што е уште посуштинска системска хомофобија, вели таа.
„Се третираат безмалку како непостоечки. Постои некаков фантазам дека на декадентниот Запад постојат хомосексуалци, додека кај нас најверојатно не, или ако ги има, тоа се неколкумина инструирани луѓе од некакви си невидливи сили, политички или какви не. Значи, не постои вистинско препознавање на таа категорија луѓе како дел од општеството“, вели Колозова.
Во законот за семејство е јасно дефинирано дека бракот е заедница меѓу маж и жена и така ќе остане се додека ние го раководиме министерството и додека ја раководиме владата. Во однос на посвојувањето деца од хомосексуални парови воопшто не сакам да дискутирам, затоа што сметам дека едно дете треба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој што ќе има мајка и татко во вистинска и во биолошка смисла на зборот.Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.