Достапни линкови

Димитров - Се уште владее религиозниот фундаментализам


Интервју - Славчо Димитров
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:36 0:00

Интервју со извршниот директор на Коалицијата „Сексуална и здраствена заштита на маргинализирани заедници“, Славчо Димитров.

Живееме во заедница која е ултра конзервативна, во која имате силно оживување на национализмите. Од друга страна, имаме систем во кој религиозниот фундаментализам се уште силно владее. И на крај имаме една силна политичка струја која е на власт, која експлицитно има една демохристијанска и конзервативна идеологија и хомосексуалците се надвор од нивната агенда, вели извршниот директор на на Коалицијата „Сексуални и здраствени права на маргинализираните заедници“, Славчо Димитров во интервју за Радио Слободна Европа.

Неодамна издадовте публикација за хомофобијата во образованиетто. Зошто се одлучивте да го истражувате тоа?

Во последните неколку години во серија наврати ние се обидувавме да реагираме за некои учебници во кои детектиравме дека има хомофобични содржини. Исходот од страна на релевантните институции беше прилично негативен, односно не добивавме никакви одговори од Министерството за образование, од Бирото за развој на образование или од Националната комисија за учебници. Поради тоа што во целиот овој процес детектиравме дека постојат и други учебници, решивме да ангажираме една група на експерти од различни области кои ќе можат да направат еден посистематски и подетелен преглед и анализа на репрезентацијата на хомосексулноста во учебниците за средно и високо образование.

Што е она што го детектиравте, до какви заклучоци дојде вашиот тим?

Главни заклучоци се дека имаме ситуации во кои во учебниците, хомосексуалноста се третира како девијантна појава во социолошка перспектива, или се патологизира, се смета како патологија, психичко нарушување, дури во некои учебници хомосексуалците се третираат како психотични личности, тоа е екстремниот случај значи. Од друга страна имаме ситуации во кои сите оние дефиници за интимност, за љубов, емоции, семејство и така натаму, имате целосно отсуство на говор и информации поврзани со нехетеросексуалната љубов, со нехетеросексуалните врски, или пак со хомосексуалните бракови и заедници.

Во кои сегменти има најмногу хомофобија?

Најрадикалните примери што ги детектиравме во овие анализи доаѓаат од областа на психологијата, психијатријата и социолошките науки. И она што најмногу нас не загрижува е што токму од тие катедри излегуваат идни кадри кои ќе треба најдиректно да работат со луѓе, дали како социјални работници, дали како експерти ангажирани во социјала на најразличен начин, како психолози, како психијатри... Замислете си еве дека ние имаме учебници кои се веќе 10 години во циркулација, со тие учебнци се произведени кадри и кадри и ние се прашуваме како тие последици допрва ќе бидат превенирани, како ќе се бориме против тие последици.

Колку е лесно, односно тешко да се бориш против хомофобијата во ова општество?

Ужасно тешко, ние секојдневно се соочуваме со таа дилема - Што понатаму? И дали воопшто понатаму! Она што ни е главно мото скоро на сите е дека сме хиперпесимисти, но и хиперактивисти бидејќи живеете во заедница која е ултра конзервативна, која е дел од оној комплекс на транзициски земји и општества во кои имате силно оживување на национализмите. Од друга страна имаме систем во кој религиозниот фундаментализам се уште силно владее. И на крај имате една силна политичка струја која е на власт, која експлицитно има една демохристијанска и конзервативна идеологија. Хомосексуалците се надвор од нивната агенда и не само што се надвор, туку и експлицитно застануваат против борбата за недискриминација и човекови права на ЛГБТ популацијата.

Целиот разговор со Славчо Димитров, извршен директор на Коалицијата „Сексуални и здраствени права на маргинализираните заедници“ погледнете го во видеото на почетокот на текстот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG