Достапни линкови

Владата не признава сексуална дискриминација?


Марш на толеранција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00

Состојбата со човековите права во Македонија е алармантна, предупредува Хелсиншкиот комитет од каде што велат дека Меѓународниот ден на толеранцијата е уште една можност да се запознае јавноста со дискриминацијата и предрасудите во земјава.

Претходно во законот, а сега и во новата Стратегија, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација.

Владата и со новата Стратегија за еднаквост и недискриминација, сексуалната ориентација ја става во графата друго. Иако министерот Спиро Ристовски, најави дека целта на Стратегијата е да се подобри статусот на најранливите групи и да се обезбеди континуиран развој на еднаквоста и недискриминацијата, сепак и овој пат остануваат луѓе кои ќе бидат дискриминирани. Министерот рече дека што се однесува до сексуалната ориентација тие остануваат на она што е утврдено со Законот.
Законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.
Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика и труд.

„Она што е утврдено во законот за заштита од дискриманција е основниот постулат по којшто продолжуваме да се движиме и во тој дел сега за сега се уште нема отстапки.“

Имено во законот, во листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација. Објаснувањето на
мнозинството во Парламентот тогаш беше дека отворената листа на основи ја вклучува и сексуалната ориентација.

Од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ велат дека се затекнати од новата Стратегија.

„И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници за што очигледно кажува исклучувањето на сите групи во оваа Стратегија, но уште повеќе сме
И сме разочарани дека владата продолжува континуирано да ја игнорира нашата организација и сличните на неа, коишто се гласни по однос на правата на маргинализираните заедници.
Славчо Димитров, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

разочарани од нетранспарентноста на дел од невладините организации коишто се вклучени во преговори со Владата околу носењето на извесни закони и стратегии“, вели Славчо Димитров.

Европската унија пред носење на Законот неколку пати предупредуваше Законот за заштита од дискриминација да биде усогласен со легислативата на ЕУ.

Стратегијата која е во фаза на предлог текст, како што вели Ристовски, е и национален одговор на меѓународните обврски на Македонија, како и напор да се обединат сите ставови, активности и ресурси во една рамка и со единствен приод за унапредување на човековите права и воспоставување еднакви можности.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG