Во очи извештајот за напредокот на Македонија од страна на Европската Комисија, странските дипломати во земјава не кријат дека имаме уште многу работа. Забелешките за спроведувањето на реформите во судството, јавната администрација, медиумите, на јавноста и се познати од минатогодишниот извештај. Една година подоцна, критиките од Брисел упатуваат на истите забелешки.
Во интервју за нашето радио, францускиот амбасадор во земјава, Жан Клод Шлумберже вели дека не може да предвиди дали Македонија ќе добие преодна оценка во годинашниот извештај.
„Не можам да предвидам, да почекаме во детали да го видиме извештајот. Сосема очигледно е дека е спроведена огромна законодавна работа и покрај тоа што секогаш тоа не е соодветно со европските норми, мислам пред се на законот за недискриминација или амандманот во однос на составот на Советот за радиодифузија, но она што е најважно е дека спроведувањето на тие реформи и усвојувањето на текстовите и областите во кои се очекува напредок се јасно определени уште во претходниот извештај, зборувам за независноста на судството, реформите во јавната администрација, борба против корупцијата, слободното изразување во медиумите, политичкиот дијалог, тоа се области за кои искрено се надевам дека ќе се констатира напредок во извештајот“, изјави Шлумберже.
Партиските реакциит за тоа колку земјава напредуваше изминатата година, се поделени. Опозицијата критикува за незаинтересираниот однос на власта кон евроинтеграциите.
„Основната задача на Груевски и на владата не е да одговори на македонските потреби за членство во ЕУ, туку до крај да го заврши целосно партизирањето на македонското општество, и судство, и медиуми, се што ќе артикулира поинакво мислење, едноставно да се замолчи“, изјави Тито Петковски од Нова социјалдемократска партија.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, уверуваат дека надлежните органи одговорно работат на спроведување на бараните реформи.
„Сепак треба да имаме предвид дека станува збор за ресори како што е да речеме јавната администрација, за чие што поправање секако е потребен повеќегодишен ангажман“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
За Демократската унија за интеграција, пак, причината поради која забелешките се исти и по една година е немањето јасна претстава кај луѓето кои треба да работат на спроведување на реформите за нивното значење и потребата истите да бидат имплементирани.
„Би требало да се работи на реформи на јавното мислење, односно на менталниот склоп на тие што треба да ги спроведат реформите, односно што треба да работат во согласност со реформите“, рече Талат Џафери од ДУИ.
Спроведувањето на тие реформи и усвојувањето на текстовите и областите во кои се очекува напредок се јасно определени уште во претходниот извештај, зборувам за независноста на судството, реформите во јавната администрација, борба против корупцијата, слободното изразување во медиумите.Жан Клод Шлумберже, амбасадор на Франција во Македонија.
Во интервју за нашето радио, францускиот амбасадор во земјава, Жан Клод Шлумберже вели дека не може да предвиди дали Македонија ќе добие преодна оценка во годинашниот извештај.
Не можам да предвидам дали Македонија ќе добие преодна оценка во извештајот, вели за РСЕ францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже.
„Не можам да предвидам, да почекаме во детали да го видиме извештајот. Сосема очигледно е дека е спроведена огромна законодавна работа и покрај тоа што секогаш тоа не е соодветно со европските норми, мислам пред се на законот за недискриминација или амандманот во однос на составот на Советот за радиодифузија, но она што е најважно е дека спроведувањето на тие реформи и усвојувањето на текстовите и областите во кои се очекува напредок се јасно определени уште во претходниот извештај, зборувам за независноста на судството, реформите во јавната администрација, борба против корупцијата, слободното изразување во медиумите, политичкиот дијалог, тоа се области за кои искрено се надевам дека ќе се констатира напредок во извештајот“, изјави Шлумберже.
Основната задача на Груевски и на владата не е да одговори на македонските потреби за членство во ЕУ, туку до крај да го заврши целосно партизирањето на македонското општество.Тито Петковски, НСДП.
Партиските реакциит за тоа колку земјава напредуваше изминатата година, се поделени. Опозицијата критикува за незаинтересираниот однос на власта кон евроинтеграциите.
„Основната задача на Груевски и на владата не е да одговори на македонските потреби за членство во ЕУ, туку до крај да го заврши целосно партизирањето на македонското општество, и судство, и медиуми, се што ќе артикулира поинакво мислење, едноставно да се замолчи“, изјави Тито Петковски од Нова социјалдемократска партија.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, уверуваат дека надлежните органи одговорно работат на спроведување на бараните реформи.
Станува збор за ресори како што е да речеме јавната администрација, за чие што поправање секако е потребен повеќегодишен ангажман.Александар Спасеновски, ВМРО ДПМНЕ.