Тоа што го сторија, ќе се врати како бумеранг, изјави европратеникот Јелко Кацин за инцидентот кој завчера го предизвикаа неколку новинари во Брисел. Според него, тоа што сториле ќе им наштети и на нив, и на држава и нејзините аспирации за влез во ЕУ.
„Можеби тие се горди за тоа што го направија, ама тие ја заглавија Македонија, ФИРОМ, уште подлабоко во нејзиниот негативен развој. Европската Комисија е во незгодна ситуација, бидејќи, без да се спомене овој инцидент, не верувам дека Европскиот парламент ќе усвои каков било Извештај за напредокот на Република Македонија“, изјави европратеникот Јелко Кацин.
Инцидентот со новинарите во Брисел, повеќе е за внатрешно-политичка употреба и нема да има влијание врз извештајот на ЕК за Македонија, вели поранешниот државен секретар во Секретаријатот за евроинтеграции, Перо Димшовски. Тој вели дека тоа што се случи во Брисел е вообичаено. И другпат имало вакви инциденти, затоа што секогаш има две гледишта на работите, вели тој.
„Очигледно е дека има сега две групи, едната е условно кажано провладина група, а другата се медиуми кои се тотално запоставени или затворени во овој период. Значи доколу се очекува сега да има нешто негативно во тој извештај, однапред е припремен терен за известувачите, во смисла еве сме имале една група која негативно зборувала за Македонија и затоа извештајот е негативен.“
Оние што настапиле непоканети во Брисел настапиле „во свое име“, изјави вчера професор Нано Ружин.
„Меѓугота сите знаеме дека се работи за организирана група којашто е финансирана од власта, таквиот вид на испади каде што настојувате да браните една кауза по секоја цена, а притоа да сте на страна на актуелната власт е многу нкекоректно затоа што европската мисла и воопшто европјаните се научени на критизерско новинарство.“
Здружението на новинарите преку соопштение се огради од однесувањето на новинарите кои присуствуваа на дебатата во Брисел и го осуди однесувањето на германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис. ЗНМ вели дека и двете групи новинари ја посрамотиле и дискредитирале професија. Во соопштението, тие потсетуваат дека двете групи подолго време излегуваат со екстремно спротиставени ставови и не ја одразуваат реалната состојба во македонското новинарство, туку сопствените исполитизирани ставови за слободата на медиумите во Македонија.

Европската Комисија е во незгодна ситуација, бидејќи, без да се спомене овој инцидент, не верувам дека Европскиот парламент ќе усвои каков било Извештај за напредокот на Република Македонија.Јелко Кацин, европратеник.
Инцидентот со новинарите во Брисел, повеќе е за внатрешно-политичка употреба и нема да има влијание врз извештајот на ЕК за Македонија, вели поранешниот државен секретар во Секретаријатот за евроинтеграции, Перо Димшовски. Тој вели дека тоа што се случи во Брисел е вообичаено. И другпат имало вакви инциденти, затоа што секогаш има две гледишта на работите, вели тој.
„Очигледно е дека има сега две групи, едната е условно кажано провладина група, а другата се медиуми кои се тотално запоставени или затворени во овој период. Значи доколу се очекува сега да има нешто негативно во тој извештај, однапред е припремен терен за известувачите, во смисла еве сме имале една група која негативно зборувала за Македонија и затоа извештајот е негативен.“
Значи доколу се очекува сега да има нешто негативно во тој извештај, однапред е припремен терен за известувачите, во смисла еве сме имале една група која негативно зборувала за Македонија и затоа извештајот е негативен.Перо Димшовски, поранешен државен секретар во Секретаријатот за европски прашања.