Достапни линкови

Претпазлив оптимизам


Важни се преговорите и неблагодарно е да се поставува временска рамка за решение за името, велат од владата по оптимизмот на известувачот Ричард Ховит.

Македонија останува посветена на разговорите за надминување на спорот со Грција, велат од претседателскиот кабинет. По оптимистичката изјава на известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит дека решението за името ќе дојде тогаш кога народот најмалку очекува, од кабинетот на претседателот Горѓе Иванов упатуваат на соопштението по средбата на Иванов со Ховит, потенцирајќи дека успешниот модел на разговори меѓу Хрватска и Словенија кој не го попречи водењето на разговорите за членство на Хрватска во Унијата, може да се примени и за надминување на спорот кој Грција го поставува пред македонските интеграции.
Тие по природата на својата работа мораат да бидат оптимисти, едновремено тие се нови во проблемот, допрва во го учат проблемот и се разбира не им останува ништо друго освен да работат во насока на кревање на моралот на народот, на политичарите пред се.
Денко Малески, универзитески професор.

Од Секретаријатот за европски прашања, велат дека е неблагодарно да се поставува временска рамка кога ќе се реши проблемот. Важно е велат оттаму да се продолжи со процесот на преговорите кои се водат под покровителство на Обединетите Нации.
Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит рече дека решението за името ќе дојде тогаш кога народот најмалку очекува
x
Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит рече дека решението за името ќе дојде тогаш кога народот најмалку очекува

Експертите советуваат на претпазливост во врска со оптимизмот на новоименуваните претставници од меѓународната заедница.

„Тие по природата на својата работа мораат да бидат оптимисти, едновремено тие се нови во проблемот, допрва во го учат проблемот и се разбира не им останува ништо друго освен да работат во насока на кревање на моралот на народот, на политичарите пред се, значи да мобилизираат околу одредено решение“, изјави универзитетскиот професор Денко Малески.

Водењето тајни преговори не е непознато во дипломатијата, вели професорот Етем Азири. И тој е оптимист дека спорот кој трае предолго, набрзо ќе биде решен. Но, тој не ја исклучува можноста земјава да не добие препорака за членство ако наскоро не го реши проблемот со името.
Во вакви констелации се е можно, јас сум оптимист бидејќи како што изгледа и меѓународната заедница е презаситена со некои ирационални однесувања на одредени субјекти
Етем Азири, универзитетски професор.

„Во вакви констелации се е можно, јас сум оптимист бидејќи како што изгледа и меѓународната заедница е презаситена со некои ирационални однесувања на одредени субјекти.“

Професорот Малески потсетува на сложеноста на овој спор, истовремено укажувајќи на потребата од внатрешното обединување за ова прашање.

„Решението нема да падне од небо, ниту пак може преку некои тајни средби одеднаш да биде доставено на маса.“

Известувачот Ховит вчера изјави дека доколку најде компромис со Грција, Македонија може да се надева на добивање датум за отпочнување на преговори со Европската Унија во декември, но земјава и натаму мора да остварува напредок на сите полиња.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG