Нашата позиција за името не е променета. Го поддржуваме секое решение кое ќе го одберете со Грција, изјави во својата прва изјава за македонските новинари, новоименуваниот американски амбасадор во земјава, Пол Волерс.
„Спорот за името не е прашање кое ние треба да го решиме, ние можеме да ја понудиме само нашата помош, но нашиот став е ист како и секогаш“. додаде Волерс.
Тој накратко се осврна и на демократските процеси во земјава и на прашањето дали тие се уназадени, рече дека не забележува такво нешто, но ги наброи постоечките, а рече и дека има нови проблеми кои бараат решавање во претстојниот период.
„Владеење на правото, независно судство, независни медиуми, коишто се битни фактори во сите демократии и Македонија мора да ги реши како и сите други земји. Во вашиот случај тие очигледно се барања за членство во НАТО и во ЕУ.“
Ова се проблемите за кои рече дека треба да ги решава Владата и македонскиот народ, а дека САД се секогаш тука како и до сега да ги понудат своите совети и секоја помош којашто македонската Влада ќе ја побара во оваа насока.
Пол Волерс денеска му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со најава и надеж, како што рече, дека ќе престојува во Македонија со цел да ги продлабочи и натаму македонско-американските односи. САД ги нарече најголемиот пријател на Македонија. Волерс функцијата ја презеде од досегашниот амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер.
„Спорот за името не е прашање кое ние треба да го решиме, ние можеме да ја понудиме само нашата помош, но нашиот став е ист како и секогаш“. додаде Волерс.
Спорот за името не е прашање кое ние треба да го решиме, ние можеме да ја понудиме само нашата помош, но нашиот став е ист како и секогаш.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.