Стејт департментот во последниот извештај наведува дека имало известувања оти властите во Македонија го злоупотребиле притворот поради политички причини и оти некои судии се изјасниле дека имало силен политички притисок врз судството што понекогаш влијаело и врз нивните пресуди.
Владата, како што се наведува, ги критикувала медиумите и се обидувала да влијае врз нивното известување преку манипулирање со нејзините трошоци за рекламирање.
Во извештајот се додава дека Владата била еден од најголемите откупувачи на рекламирањето во земјата и оти фаворизира куќи и новинари кои ги смета за пријателски.
Постојат извештаи дека владата се обидела да ги спречи критиките против неа, да врши притисок врз медиумите, а новинарите се принудени да практикуваат самоцензура, се додава во извештајот на Стејт департментот, во кој, во врска со слободата на печатот во Македонија, меѓу другото, се споменува и случајот со А1 телевизијата при што се наведува дека имало извештаи оти репортерите и корпоративните спонзори на А1 примиле закани, иако станицата продолжила со работа.
Тензиите меѓу етничките Македонци и етничките Албанци продолжуваат да влијаат врз индивудалните можности за образование, вработување и политичко учество.
Учениците од различни етнички групи обично учат во посебни училници, во одделни наставни смени, или во одделни објекти.
Етничките Албанци продолжуваат да се жалат на нееднаква застапеност во владините министерства.
Имаше извештаи за дискриминација на лицата со посебни потреби и на Ромите.
Иако со закон се предвидени кривични казни за корупција, владата не го спроведува ефикасно, а официјални лица често неказнето се вклучени во корупција.
Во некои од затворите во Македонија состојбата е лоша, има пренатрупаност со затвореници, мак број на чувари кои се недоволно обучени за работата, се наведува, меѓу другото, во најновиот годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија.

Постојат извештаи дека владата се обидела да ги спречи критиките против неа, да врши притисок врз медиумите, а новинарите се принудени да практикуваат самоцензура.