Словенците гласаа против тоа геј паровите да имаат слични права како и хетеросексуалните парови. На референдум одржан во неделата, околу 57 отсто од гласачите го отфрлиле предлогот, а 43 отсто го поддржаа спроведувањето на новиот Закон за семејство. Во регионот има најави за геј паради, активистите за правата на хомосексуалците стануваат се погласни. Кај нас пак работите стојат малку поинаку.
Славчо Димитров од Коалицијата „Сексуална и здраствена заштита на маргинализирани заедници“ вели дека е многу тешко да се бориш против хомофобијата во Македонија. Тој посочува дека истржувањата на јавното мислење покажуваат дека хомосексуалците се помеѓу оние групи кои се најдискриминирани во општеството. Друг проблем е, вели тој, што луѓето се уште се плашат да пријавуваат случаи во кои им се загрозени нивните права.
„Имаат голема недоверба кон институциите на системот, а второ е стравот во пуштањето на еден процес којшто бара еден сериозен ангажман. Голем дел од луѓето сметаат дека ќе има влијание врз нивната безбедност, односно откривањето на нивниот сексуален идентитет може да има многу силни репрекусии за нивниот живот.“
Граѓаните што ние ги анкетиравме сметаат дека хомосексуалците не ги уживаат своите права, а дел од граѓаните на став дека не ни треба да имаат посебни права.
„Нашиот менталитет не е баш, не ги прифаќа јавно тие работи и не гледам зошто некој треба да се прокламира јавно дали е или не е геј.“
„Секој има право на определба, на онаква како што мисли дека има право да има и посакува да има.“
„Не си ги уживаат своите права, не ни треба.“
„Да не се оди во некоја друга сфера каде ќе има последици по поколенијата, а за граѓански права, треба да имаат.“
„Не сум против тоа, но мислам дека не треба да имаат деца.“
Во Закон за спречување на дискриминацијата, на листата основи по кои не треба да се прави дискриминација, не е вклучена сексуалната ориентација. Објаснувањето на мнозинството во Парламентот тогаш беше дека отворената листа на основи ја вклучува и сексуалната ориентација.
Ивон Величковски од Либералната партија вели дека тие остануваат на ставот дека ја подржуваат идејата за регистрирано истополово партнерство.
„Но, она што е најбитно за нас е дека во прва фаза, она што е најбитно да се направи е во Законот за спречување на дискриминацијата да биде предвидена и заштитата од дискриминацијата по основ на сексуална определба. Временски рокови немаме поставено бидејќи забележуваме дека има многу други битни прашања во Законодавниот дом и во тековната политика.“
Во Албанија е предвидено на 17 мај да се одржи првата геј парада. Во пресрет на парадата, заменик-министерот за одбрана Екрем Спахија, изјави:
„Мој единствен коментар за парадата е: учесниците треба да бидат тепани со пендреци.“
Во јуни, пак, е закажана парада во Сплит. Тоа ги зовре страстите на социјалните мрежи, па така се појавија групи и поединци кои се закануваа дека на улиците на Сплит ќе тече крв ако има геј парада.
Во Србија, првата Парада на гордоста беше одржана во 2001 година и заврши со немири. Првата „успешна“ парада е организирана во 2010 под силно полициско обезбедување. Парада требаше да има и лани, но беше одложена.
Борбата за хомосексуалните права во светот започна во 1969 година со Стонволскиот бунт, кога во Њујорк хомосексуалците првпат му се спротивставија на полициското малтретирање.
Голем дел од луѓето сметаат дека ќе има влијание врз нивната безбедност, односно откривањето на нивниот сексуален идентитет може да има многу силни репрекусии за нивниот живот.Славчо Димитров, Коалиција „Сексуална и здраствена заштита на маргинализирани заедници.
Славчо Димитров од Коалицијата „Сексуална и здраствена заштита на маргинализирани заедници“ вели дека е многу тешко да се бориш против хомофобијата во Македонија. Тој посочува дека истржувањата на јавното мислење покажуваат дека хомосексуалците се помеѓу оние групи кои се најдискриминирани во општеството. Друг проблем е, вели тој, што луѓето се уште се плашат да пријавуваат случаи во кои им се загрозени нивните права.
„Имаат голема недоверба кон институциите на системот, а второ е стравот во пуштањето на еден процес којшто бара еден сериозен ангажман. Голем дел од луѓето сметаат дека ќе има влијание врз нивната безбедност, односно откривањето на нивниот сексуален идентитет може да има многу силни репрекусии за нивниот живот.“
Да не се оди во некоај друга сфера каде ќе има последици по поколенијата, а за граѓански права, треба да имаат.Анкетиран граѓанин.
Граѓаните што ние ги анкетиравме сметаат дека хомосексуалците не ги уживаат своите права, а дел од граѓаните на став дека не ни треба да имаат посебни права.
„Нашиот менталитет не е баш, не ги прифаќа јавно тие работи и не гледам зошто некој треба да се прокламира јавно дали е или не е геј.“
„Секој има право на определба, на онаква како што мисли дека има право да има и посакува да има.“
„Не си ги уживаат своите права, не ни треба.“
„Да не се оди во некоја друга сфера каде ќе има последици по поколенијата, а за граѓански права, треба да имаат.“
„Не сум против тоа, но мислам дека не треба да имаат деца.“
Она што е најбитно за нас е дека во прва фаза, она што е најбитно да се направи е во Законот за спречување на дискриминацијата да биде предвидена и заштитата од дискриминацијата по основ на сексуална определба. Временски рокови немаме поставено бидејќи забележуваме дека има многу други битни прашања во Законодавниот дом и во тековната политика.Ивон Величковски, Либерална партија.