Достапни линкови

Семејство или кариера!?


Вработените идни мајки стравуваат да не останат без работа ако се одлучат да родат дете. Дискриминацијата на жените по овој основ и кршењето на работничките права е честа појава во приватните фирми, но жените ретко се осмелуваат за ова да говорат јавно, велат од секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија.

Кога млада девојка оди на интервју за работа, дел од прашањата кои ги добива се: Дали планира да роди дете и кога планира да основа семејство? А, одговорот на тие прашања често е пресуден дали девојката ќе го добие работното место без разлика дали е квалификуван работник.
Прв пат се случува да имам предност затоа што имам дете, меѓутоа на сите останати интервјуа прво прашање беше дали планирам да останам бремена и кога тоа го планирам, се ограничуваш и во правото да избираш помеѓу тоа да основаш фамилија или да направиш кариера.
Млада жена, која инсистира на анонимност.

Од друга страна, пак, вработените жени кои се бремени стравуваат дека ќе го загубат работното место ако користат трудничко боледување па често ја кријат својата состојба колку што е физички можно, велат од сидникатите. За своето искуство во приватна фирма ни зборуваше 27-годишна мајка која пред две години останала без работа кога на работодавецот му кажала дека е трудна.

Таа сакаше да остане анонимна затоа што сега чека одговор од една фирма за вработување, па не сака да си го загрози можното работно место. Со неа зборувавме за патешествието низ кое минува во обидот да најде работа каде ќе го практикува нејзиното економско образование.
Членка на Европскиот парламент на работа со своето бебе
Членка на Европскиот парламент на работа со своето бебе

„Јас во едно интервју на кое што пред извесно време бев повикана имав голема предност затоа што имам веќе едно дете. Прв пат се случува да имам предност затоа што имам дете, меѓутоа на сите останати интервјуа прво прашање
Има такви поплаки од средини каде што не се синдикално поврзани, тоа е веќе поврзано со сивата економија. Имаме многу големи поплаки од таквите претпријатија дека на пример таа оди на трудничко боледување, а тоа не е платено од работодавецот.
Елизабета Гелевска, ССМ.

беше дали планирам да останам бремена и кога тоа го планирам, се ограничуваш и во правото да избираш помеѓу тоа да основаш фамилија или да направиш кариера. Тоа се случува на 25-26-годишна возраст кога секој нормално би сакал да направи баланс меѓу тие две работи, а не оставаат доволно простор за тоа да се случи.“

Таа додава дека работодавците ги користат дупките во законот, па во нејзиниот случај пред две години, сопственикот на фирмата каде што работела одлучил да не и го продолжи договорот за работа веднаш штом дознал дека е бремена.
Претседател на Секцијата на жени во ССМ, Елизабета Гелевска
Претседател на Секцијата на жени во ССМ, Елизабета Гелевска

„Со тоа што инцидентно излезе да морам да лежам во првиот месец од мојата бременост, нормално тоа беше непланирано. Два дена пред да ми заврши договорт јас бев одјавена без никакво образложение, не ми дозволија ниту да објаснам за што станува збор, ниту да се потрудам да останам во истата фирма, бев одјавена и оставена дома без право на надоместок за трудничко боледување без никакви други средства кои во нормални околности би и следувале на една трудница.“
Политика која е се поактуелна и во Европската унија која им овозможува на жените истовремено и да напредуваат во кариерата и да си ги исполната своите природни обврски како мајки.
Емил Крстаноски, Меѓународна организација на трудот.


Дискриминацијата на жените по овој основ и кршењето на работничките права е честа појава во приватните фирми, но жените ретко се осмелуваат за ова да говорат јавно, велат од секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија.

За ова се доказ и женските интернет форуми каде што под псевдоними многу жени зборуваат на проблемите со кои се соочуваат на нивното работно место. Во дел од кометарите на форумите стои дека жени потпишувале изјави дека нема да родат дете во следните две до три години само за да го задржат работното место.

„Има такви поплаки од средини каде што не се синдикално поврзани, тоа е веќе поврзано со сивата економија. Имаме многу големи поплаки од таквите претпријатија дека на пример таа оди на трудничко боледување, а тоа не е платено од работодавецот или кое било друго боледување не мора да е трудничко. А отсуствува десетина дена, тоа воопшто не е платено“, вели Елизабета Гелевска од ССМ.

Таа додава дека жените кои се дел од сивата економија често добиваат предупредување од работодавците дека ако планираат дете ќе ја загубат работата, па се случува и кога ќе дознаат дека се бремени сами да го напуштаат работното место немоќни да се борат за своите работнички права.

Емил Крстаноски од Меѓународната организација на трудот вели работодавачите треба да преземат мерки кои ќе им овозможи на вработените жени да направат баланс меѓу кариерата и семејниот живот.

„Политика која е се поактуелна и во Европската унија која им овозможува на жените истовремено и да напредуваат во кариерата и да си ги исполната своите природни обврски како мајки. Инаку други светски истражувања покажале дека жените многу поретко ги користат боледувањата и дека поретко отсуствуваат од работа од мажите во сите други аспекти освен во природниот, затоа што жената е таа што може да раѓа.“

Големата стапка на невработеност и нелојалниот пазар на труд во сивата економија се дел од причините поради кои жените ја толерираат ваквата дискриминација и кршење на работничките права велат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG