Достапни линкови

Здружување на синдикатите


Здружен синдикат, поголеми работнички права?
Здружен синдикат, поголеми работнички права?

Експертите се песимисти дека здружувањето на поголемите синдикални здруженија, ќе придонесе за заштита на правата на работниците.

Поголемите синдикални организации во земјава се здружуваат за заштита на правата на работниците. Експертите кои ги консултиравме велат дека здружувањето само по себе нема да придонесе многу кон заштитата на правата на работниците, кои според нив, во последно време се не само загрозени туку и незаштитени. Поранершниот синдикален советник,
Значи тие немаат работа и практично последната година, нема синдикати во Македонија, блефирање е чисто пред членството дека имаат некаква активност.
правникот Драге Јовановски смета дека потпишувањето спогодби е со цел да се убеди членството дека синдикатот е активен:

„Значи тие немаат работа и практично последната година, нема синдикати во Македонија, блефирање е чисто пред членството дека имаат некаква активност.“

Потребна е одбрана, заштита и унапредување на работничките права, вели Јовановски и додава:

„За овие пет години сигурно дека оваа влада, намали, укина или одзеде околу 20-тина права. Тука треба да се борат синдикатите, а не со вакви симулирани активности колку да кажат пред членството дека нешто работат.“
За овие пет години сигурно дека оваа влада, намали, укина или одзеде околу 20-тина права. Тука треба да се борат синдикатите.

Работнички протести во Скопје

Од Сојузот на синдикатите и од Конфедерацијата за слободни синдикати беа недостапни за коментар пред потпишувањето на меморандумот. Лидерството на двете организации беше по состаноци. Токму состанувањето и потпишувањето на меморандуми само остава впечаток дека синдикатите работат нешто, смета професор Илија Ацески:

„Но, се уште нема знаци дека се ослободени од тоа силно влијание на политичките центри на моќ.“

Како да се одвојат синдикалните организации од центрите на моќ? За тоа се потребни промени во веќе застарениот систем кој е наследен од комунизмот, смета професорот Ацески:

„Постојат некои стари форми на организација, уште има претстава дека Синдикатот треба да биде нечиј приврзок, се уште во Македонија владее таква една психологија и како што реков, немаме лидери кои ќе бидат гаранција дека може да се направи некаков исчекор во тој поглед.“

Инаку за сега тешко се наоѓаат официјални податоци за бројот на синдикални организации и синдикално организирани работници во земјава.
XS
SM
MD
LG