Достапни линкови

Работнички права на младите родители


Иако со законот за работни односи посебно се регулирани работничките права на родителите на деца до едногодишна возраст, ретко кој од нив ги знае своите права.

Законски регулираните работнички права на мајките и татковците со бебиња до едногодишна возраст малку им се познати и на работниците, а непознато е дали работодавачите не им обрнуваат внимание или пак не ги почитуваат бидејќи не се компатибилни со нивните интереси, велат во Регионалниот синдикален совет во Куманово. Според правниот советник Гордица Бошковска, Законот за работни односи покрај општите права на
работниците ги содржи овие посебни права во периодот на бременоста на
Едно од правата на овие работнички е за време на бременоста да не смеат да работат во ноќни смени и прекувремено.
жената работничка, породувањето и родителството. Бошковска објаснува дека е незначителен број жени кои бараат информации за нивните права, во однос на платеното отсуство, пауза за време на доење на детето и право на плата за време на бременоста.

„Едно од правата на овие работнички е за време на бременоста да не смеат да работат во ноќни смени и прекувремено. На оние кои имаат дете од една до три години работодавачите можат да им наложат да работат ноќна смена, но само со нивна согласност.“

Бошковска додава:


„Ваквите работнички апсолутно не смеат да работат на работни места по време на породувањето, бременоста и родителство до една година дете на работни места кои се штетни за здравјето на работничката и на нејзиното дете. Кои се тие работни задачи ги определил. Министерството за труд и за здравство.“

Работодавачите можат да ги распоредат овие работнички на други работни места и да ја усогласат платата, која не смее да биде пониска од онаа што ја добиваат на редовните работни места.

„Една од привилегиите, односно правата и можностите на жените за време на бременоста и породувањето е користење платено отсуство од 9 месеци, а за повеќе родени деца до една година. Истото право го имаат и мајките кои посвојуваат деца, за едно 9 месеци и една година за повеќе посвоени деца. Правото на мајката работничка периодот на користење на
Правото на мајката работничка периодот на користење на породилното отсуство да може да го прекине пред истекот на 9 месеци. Таа остварува целосна плата кај работодавачот кај што се враќа на работа, но и 50 отсто од надоместокот што го прима од Центарот за здравство во вид на плата за време на породилно отсуство. Ова е право кое многу мајки не го знаат и не го користат.
породилното отсуство да може да го прекине пред истекот на 9 месеци. Таа остварува целосна плата кај работодавачот кај што се враќа на работа, но и 50 отсто од надоместокот што го прима од Центарот за здравство во вид на плата за време на породилно отсуство. Ова е право кое многу мајки не го знаат и не го користат.“

Бошковска објаснува и дека согласно Законот за работни односи, работничките доилки имаат право право на отсуство од час и половина за доење на детето и тоа до едногодишна возраст.

„И доколку тоа работничката тоа го бара, работодавачот е должен да и го овозможи согласно Законот за работни односи.“

Неинформираноста на работничките им одговара на работодавачите. Меѓутоа, има работнички кои ги знаат своите посебни права во периодот на бременоста и породувањето, но не ги бараат плашејќи се дека ќе го загубат работното место. И не ретко се случува жените по истекот на породилното отсуство да не бидат вратени на работа.

Според Законот за работни односи и таткото има право на породилно отсуство.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG