Ако решите да дадете отказ од своето работно место затоа што не ви одговараат условите во кои работите или можеби сте под голем притисок од шефот или едноставно сметате дека заслужувате подобра работа, немате право на сини картони за лекување, ниту на надоместок за невработен, ниту пак да се пријавите во Агенцијата за вработување како невработен. Истото ќе ви се случи и доколку одбиете понуда за вработување по препорака на Агенцијата. Така предвидува законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.
Правните експерти од областа на работничките права велат дека со овој член се казнува вработениот затоа што го напуштил работното место и дека со ваквите одредби државата им испраќа порака на вработените за правната несигурност која ги очекува потоа. Уставниот суд пред еден месец поведе постапка за оценување на уставноста на овој член од законот. Ограничување на правото на работа, ограничување на уставното загарантирано право на слободен избор за вработување и достапност на секое работно место на секого под еднакви услови, се причините поради кои Судот повел постапка, а конечната одлуката за уставноста на овој член се очекува да биде донесена наредниот месец.
Димитар Апасиев од движењето за социјална правда „Ленка“, една од организациите што се подносители на оваа иницијатива, вели дека со последните измени на Законот за вработување забележлива е тенденција на вештачки начин да се намали бројот на невработени. Апасиев вели дека не секој работник доброволно донесува одлука за престанок на работата, тука спаѓааат и жртвите на мобинг или вработени кои со месеци не земале плата или од други економски причини морале да ја напуштат работата и парадоксално е во таков случај работниците допoлнително да ги губат своитеправа:
„Тоа само ќе го зголемува стравот на сегашните вработени да си даваат отказ под страв дека понатаму не би им следувале никакви права што само ќе ги охрабри работодавците да ги кршат работничките права и во иднина.“
Поранешниот синидкалец и правен експерт Драге Јовановски вели дека оваа одредба од законот е дискриминаторска и лошо влијае врз работничката класа:
„Значи, за таква ситуација, кога ќе му престане работниот однос да добива некаква паричен надоместок од Агенцијата за вработување. Тој фактички плаќал, знаете што значи пример, 20-30 години човекот плаќал во Агенцијата од својата плата и што значи сега ова, дека за џабе плаќал?“
Според правните експерти, ваквата одредба од законот овозможува да се даде лажна слика за вистинската бројка на невработени и ги казнува луѓето кои сакаат да се побунат или да ги бараат своите работнички права.
Тоа само ќе го зголемува стравот на сегашните вработени да си даваат отказ под страв дека понатаму не би им следувале никакви права што само ќе ги охрабри работодавците да ги кршат работничките права и во иднина.
Правните експерти од областа на работничките права велат дека со овој член се казнува вработениот затоа што го напуштил работното место и дека со ваквите одредби државата им испраќа порака на вработените за правната несигурност која ги очекува потоа. Уставниот суд пред еден месец поведе постапка за оценување на уставноста на овој член од законот. Ограничување на правото на работа, ограничување на уставното загарантирано право на слободен избор за вработување и достапност на секое работно место на секого под еднакви услови, се причините поради кои Судот повел постапка, а конечната одлуката за уставноста на овој член се очекува да биде донесена наредниот месец.
Димитар Апасиев од движењето за социјална правда „Ленка“, една од организациите што се подносители на оваа иницијатива, вели дека со последните измени на Законот за вработување забележлива е тенденција на вештачки начин да се намали бројот на невработени. Апасиев вели дека не секој работник доброволно донесува одлука за престанок на работата, тука спаѓааат и жртвите на мобинг или вработени кои со месеци не земале плата или од други економски причини морале да ја напуштат работата и парадоксално е во таков случај работниците допoлнително да ги губат своите
Тој фактички плаќал, знаете што значи пример, 20-30 години човекот плаќал во Агенцијата од својата плата и што значи сега ова, дека за џабе
плаќал.