ССМ предложи анти кризни мерки, за економски развој, социјален дијалог и намалување на невработеноста. Како ја оценувате подготвеноста на властите и на приватниот сектор за имплементација на овие мерки?
Мислам од доаѓањето на новото раководство во ССМ, нашата намера е да испромовираме еден навистина сериозен и проевропски социјален дијалог, помеѓу трите социјални партнери. Ја напуштаме онаа практика што ја имаше ССМ во смисла на тоа дека само ќе констатираме одредени состојби и понатаму ќе се остави простор за критика, без притоа да бидеме проактивен учесник во еден процес, кој сметаме дека е исклучително сериозен во овој момент, како рефлексија на светската финансиска криза. Од тие причини развивме на почеток една широка дискусија со нашите социјални партнери, сметајќи дека навистина имаме сериозни одговорности во делот на справување со кризата се со цел да не дозволиме економската криза да рефлектира во една социјална криза. Можам да кажам дека на задоволство, после толку време и со Министерството за труд и социјална политика, кое е едно од најнадлежните во делот на спроведување на тој социјален дијалог и во делот на организацијата на работодавачи по утврдувањето на репрезентативноста на социјалните партнери, значи се договоривме навистина да испромовираме еден сериозен социјален дијалог за клучните прашања. И не случајно договоривме и потпишавме меморандум за формирање на економско – социјален совет. И сметам дека навистина по формирањето на економско социјален совет веќе институционално широко се отвораат вратите помеѓу владата, органзациите на работодавачите и синдикатите да реализираме еден социјален дијалог, и вклучително да разгледаме предлог мерки што ги достави ССМ, значи ССМ поттикна една атмосфера за социјален дијалог кој сметаме дека треба да биде широко развиен и кој во себе треба да инкорпорира разрешување на низа проблеми со кои се соочуваме.
Организацијата на работодавачи се огласи по еден од вашите предлози, за намалување на работното време, ако добро се сеќавам. Тие дополнително бараат владата да ги субвенционира разликите во часовите. Дали сметате дека ова е реално очекување, значи државата со народни пари да субвенционира приватни фирми за разлика во работно време?
Значи, ние кога ги предлагавме предлог мерките, ги имавме на ум различните искуства во делот на справувањето со кризите. И една од мерките која неколку држави, конкретно во најблискиот простор Словенија го промовираше овој модел, со тоа што можеби во Словенија беше овозможено ова многу брзо да се реализира, пред се затоа што како членка на ЕУ има брз пристап до европските фондови, а дел од нив се наменети за справување со кризата. Со оглед на тоа што сме придружна членка, и очекуваме да добиеме датум за преговори, мислам дека ова е еден поттик, преку давање ваков предлог до Владата и работодавачите, да развијат приод кон решавање на ова прашање што ќе овозможи поагресивен настап во делот на барање на такви фондови, бидејќи ЕУ и врз основа на одлуките на економскиот социјален совет и Советот на Европа има формирано доста пристапни, структурални фондови, наменети точно за ова прашање. Затоа беше анимирањето од наша страна на ова прашање. Тоа не значи ако нема реални можности дека тоа ќе биде активирано во толкав степен како што предлагаме ние, но сепак се отвора можност заеднички да се договориме дали е можен пристап кон тие фондови, колку е можен, со цел навистина и на овој начин да придонесеме во делот на разрешување на оваа економска состојба.
Во минатите години од оваа институција имаше забелешки дека социјалниот дијалог е на многу ниско ниво, посебно комуникацијата меѓу синдикатите и власта. Дали забележувате подобрување на тоа поле?
Мислам дека има драстично подобрување. Да не речам еден сериозен пресврт по доаѓањето на новото раководство. Мислам дека стратегијата на ССМ од страна да ги гледа сите проблеми кои се во државата и да се јавува во улога само на критичар дефинитивно треба да биде напуштена и ја напуштаме, бидејќи како трет релевантен социјален партнери имаме и ние одговорност во делот на справувањето со низата проблеми и можеби прашањето беше и ССМ што не наоѓаше ниту теми, ниту инструменти да ја афирмира сопствената позиција и да ја афирмира позицијата кај социјалните партнери, вклучително и Владата. Значи, тој однос на постојана критика без отворање на врати, на инстуционален начин да ги решаваме проблемите, предизвикуваше амозитет помеѓу синдикатот и другиот партнер, така што ние решивме, отворено и со промоција на европски социјален модел, кој сметаме дека ќе биде прифатен и на задоволство на сите се прифаќа, да отвориме простор и можност да имаме дијалог. Значи, голем дел од проблемите кои се случуваа беа и персонални. И иако имавме поголем број синдикати кои имавме и други видувања во рамки на ССМ за тој социјален дијалог, имавме многу голем отпор, персонален пред се од раководството, односно лидерот, така што тоа се рефлектираше во една проблематична состојба која пак даваше дека ССМ има друг отпор кон социјалното партнерство, но сметам дека тоа го разбивме, и што е уште поважно отворивме можност во рамки на тоа социјално партнерство и со другите партнери, посебно и во рамките на синдикатите, така што дури и договоривме со другите синдикати со утврдување заеднички цели и стратегија да направиме напор заеднички да настапуваме и со цел да предизвикаме дополнителен притисок иако се наоѓаат одредени отпори, тој социјален дијалог да биде уште поотворен.
Претседателе, добиваме поплаки од вработени дека нивните работодавачи го злупотребуваат законот за работни односи во нивна корист. Имено, бараат дупки во законот. Еве еден конкретен пример. Вработен се жали дека неговата работна титула неколку пати била променета за да не биде пријавен на неопределено време. Како може синдикатот да реагира на вакви и слични злоупотреби на легислативата?
Мислам дека ССМ во тој дел е добро екипиран и преку територијалните структури на ниво на општини и преку службата за правна помош во рамките на ССМ и мислам дека во иднина тие проблеми ќе се надминуваат затоа што отвораме поотворен и понепосреден пристап со институциите во државата кои се непосредно ангажнирани за надминување на ваквите состојби, па дури и за санкционирање, односно со трудовата инспекција. Така што, подобрените релации кои ги имаме во рамки на Министерството за труд и социјална политика, отвораат пошироки можности да бидеме понепосредно присутни и понепосредно да влијаеме преку соодветните трудови инспектори во надминување на ваквите состојби. Не случајно во рамките на новата стратегија, обезбедуваме заеднички состаноци со претставниците на власта за да развиеме оперативна мрежа, значи тоа е начинот. Од друга страна, со оглед на тоа што се наоѓаме во финансиска криза, подготвуваме материјал за промоција на нов тип колективни договори, кои треба да ги развиеме и во услови на криза, со цел да ги поттикнеме и работодавачите да не одат кон злоупотреби туку напротив да изнаоѓаат други можности за обезбедување на посигурен пристап кон работниците.
Според официјалните податоци, во изминатиот период има зголемување на вработеноста, но и намалување на приходите во буџетот од персонален данок. Дали е тоа знак дека сивата економија се развива?
Па, не само работодавачите во поголем дел не ги пријавуваат вработените, туку и присуството на неформалната економија, како рак рана навистина предизвикува последици да дури и средствата што треба да се собираат во буџетот да не може да се собираат на тој начин и не случајно еден од предлозите во самите мерки кои ги доставивме до социјаните партнери беше и една отворена борба кон неформалната економија, иако неформалната економија во голем дел претставува социјален вентил кој може да апсорбира незадоволство и заради тоа можеби низ прсти се гледаше, но факт е дека повратниот фидбек предизвикува уште поголеми проблеми, така што мислам дека во предлог мерките кои ги дадовме има одредени решенија за намалување на неформалната економија и поттикнување на работодавачите да обезбедат друг пристап во поглен на пријавувањето на работниците.