Достапни линкови

Задолжница за прочистување од шарлатаните во бизнисот


Работа има, плаќањето е проблем.
Работа има, плаќањето е проблем.

Задолжницата ќе ја зголеми дисциплината кај неплаќачите, но тоа не е клучно за подобрување на ликвидноста, велат бизнисмените.

Задолжницата ќе ја зголеми дисциплината кај неплаќачите во бизнисот и ќе го исчисти стопанството од бизнисмените-шарлатани, но на неа не може да се гледа како на клучна мерка за подобрување на ликвидноста на домашните фирми, велат бизнисмените со коишто разговаравме.
Треба да се пуштат повеќе пари во оптек. Понатаму, проблемот лежи во количината пари кои не се навреме платени од владата на стопанството и брзината на враќање на ДДВ кое ние како стопанска комора инсистираме да биде во законски предвидениот рок. Дополнително, ако сиве овие мерки не дадат резултати треба да се оди кон понатамошна либерализација на фискалната политика, а тоа значи намалување на даноците.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Го поставивме ова прашање затоа што задолжницата важи само за наплата на долговите меѓу фирмите, но не и за наплаќање на долговите на фирмите од државните институции, иако стопанствениците често се жалат дека владата не ги враќа долговите навреме.

Бизнисменот Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека задолжницата е добра мерка за подобрување на ликвидноста кај фирмите, но оти не е клучна. Со тоа ќе се зголеми дисциплината кај неплаќачите, вели тој.

„Основата на проблемот лежи во монетарната политика. Значи треба да се либерализира и понатаму, да се пуштат повеќе пари во оптек, тоа е во надлежност на Народната банка на Македонија. Понатаму, проблемот лежи во количината пари кои не се навреме платени од владата на стопанството и брзината на враќање на ДДВ кое ние како стопанска комора инсистираме да биде во законски предвидениот рок. Дополнително, ако сиве овие мерки не дадат резултати треба да се оди кон понатамошна либерализација на фискалната политика, а тоа значи намалување на даноците. Само со овие значајни мерки може да се подобри ликвидноста“, вели Чекреџи.
Монополите повторно ќе имаат сила и однос кон таа задолжница, но ако се издржи во еден временски период мислам дека и тие ќе разберат дека тоа е од интерес на сите. Сега имаме фирми кои имаат побарувања на пример од 200 илјади евра и долг од 30 илјади, а треба да банкротираат.
Зоре Темелковски, бизнисмен.

Пред околу два месеци, во интервју на емисијата Х/0 на Канал 5, на прашањето на новинарот зошто задолжницата нема да важи и за државата, премиерот Никола Груевски одговори: „Затоа што се донесе таква одлука“. Така сметавме во овој момент дека е најдобро за Република Македонија, рече Груевски.

Бизнисменот Зоре Темелковски, пак, вели дека задолжницата треба да помогне за прочистување на бизнисот од шарлатаните кои функционираат на принципот „Земи ја стоката и не плаќај“. Изземањето на владата од задолжницата е логично, затоа што не постои влада што би донела закон со кој би си го ограничила својот комодитет, вели тој. Темелковски се согласува дека владата доцни со враќањето на ДДВ, но се противи на тезата дека владата е лош плаќач. Ако владата навистина е лош плаќач, зошто тогаш сите се „тепаат“ да добијат владин тендер и ако не го добијат се жалат дека е наместен? Ако владата не плаќа, зошто тогаш воопшто се пријавуваш на тендерот, поентира тој.

„Монополите повторно ќе имаат сила и однос кон таа задолжница, но ако се издржи во еден временски период мислам дека и тие ќе разберат дека тоа е од интерес на сите. Сега имаме фирми кои имаат побарувања на пример од 200 илјади евра и долг од 30 илјади, а треба да банкротираат.“

Задолжницата почна на функционира од 1 септември. Тое е документ со кој фирмата должник дава согласност плаќањето на долгот кон одреден доверител да се изврши по присилен пат од сите негови сметки кај сите носители на платен промет. Доколку не се наплати од паричните средства, задолжницата како извршна исправа, може да се наплати и од друг имот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG