Достапни линкови

Пари од Владата само на суд


Зградата на Уставниот суд, дел од Скопје 2014-та, за Денот на независноста, 8 септември 2011.
Зградата на Уставниот суд, дел од Скопје 2014-та, за Денот на независноста, 8 септември 2011.

Државата останува еден од најголемите должници на фирмите. Упатените велат дека наплатата на долговите се врти во круг. Дури и кога фирмите ги добиваат споровите против државата и притоа им се исплатени и каматите, тоа се случува на товар на бизнис заеднацата.

Државата останува еден од најголемите должници на фирмите, но никој не открива колкав е нејзиниот долг. Стопанствениците не сакаат да шпекулираат за бројката, а министерот Зоран Ставрески го избегнува одговорот. За да се подмират долговите меѓу фирмите од есенва ќе профункционира задолжницата, но таа нема да важи за државата.
Државата е многу суперменаџер, бидејќи не им дава ни камати, трагедија. Бизнисмен кој го изработил Музејот на ВМРО, да не му е исплатено, а музејот е пуштен во употреба.
Зоре Темелковски, Сојуз на стопански комори.

Зоре Темелковски од Сојузот на стопански комори вели дека тоа е исправен чекор, оти воведувањето задолжница кон државата би значело недоверба кон институциите на власта. Тој смета дека единствениот начин на наплата на долговите од државата се судските инстанци, кои траат долго, но може да се наплатат и
Премиерот Никола Груевски го означува почетокот на изградба на воден парк во општина Аеродром, 18 декември 2011
Премиерот Никола Груевски го означува почетокот на изградба на воден парк во општина Аеродром, 18 декември 2011
каматите.

„Јас како правен субјект, велам НЕ, СТОП, ќе те тужам и ќе ми платиш камата, а трошоците се на товар на тој што губи.“

Според Темелковски, постои и друг начин како бизнис заедницата да се заштити од опасноста државата да не им ги исплати средствата. Менаџерите на фирмите треба да внимаваат какви договори
Сега за сега остануваме на милост и немилост, немаме правни механизми со кои би се штителе ние од таквите начини, односно останува само кој е поблизок до тие власти, до тие органи, или владејачката партија или да се користат други пријателски врски.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

потпишуваат, оти државата се брани со анекси за одложено плаќање во договорите.

„Државата е многу суперменаџер, бидејќи не им дава ни камати, трагедија. Бизнисмен кој го изработил Музејот на ВМРО, да не му е исплатено, а музејот е пуштен во употреба. “

Првиот човек на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи се жали дека бизнис заедницата не е рамноправен партнер со државата. Според него, парите од државата можат да си ги наплатат само оние фирми кои се блиски до владејачката гарнитура.

„Сега засега остануваме на милост и немилост, немаме правни механизми со кои би се штителе ние од таквите начини, односно останува само кој е поблизок до тие власти, до тие органи, или владејачката партија или да се користат други пријателски врски.“

И економските експерти велат дека приватниот бизнис сектор нема друг механизам за наплата на долговите, освен судските процедури. Тоа, пак, значи дека додека да го добиете спорот, може да се случи фирмата да ви пропадне. Висар Адеми вели дека фирмите треба да размислат кога учествуваат на јавни тендери и да бидат свесни за опасноста дека средствата можеби нема да им бидат исплатени.

„Не би требало да има компании кои постојат само за аплицирање на јавни тендери кога се бараат тие услуги или добра од државата. Мислам дека само тогаш има економски раст реален и само тогаш може да се предвиди одреден рок кој е запишан во самиот договор.“

Упатените велат дека наплатата на долговите се врти во круг. Дури и кога фирмите ги добиваат споровите против државата и притоа им се исплатени и каматите, тоа се случува на товар на бизнис заедниците. Сојузот на стопански комори бара од Владата да не се задолжува од домашни извори, туку од странство, за да останат повеќе пари за фирмите во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG