Стопанствениците очекуваат селективен пристап на владата во враќањето на неисплатените долгови кон повеќето фирми во државата. Претседателот на здружението на градежници при Стопанската комора, Никола Велковски претпоставува дека во предизборниот период, владата ќе ги исплати долговите само кон фирмите кои ги работат владините проекти.
„Значи оние проекти што им се важни за да се види резултат и остварена програма пред граѓаните, тие мислам дека ќе сторат напори да ги платат за да ги држат во кондиција фирмите за да можат да работат, додека кон оние што не се гледаат, што нема директен ефект врз гласачкото тело мислам дека тешко дека ќе плаќаат.“
Од Сојузот на стопански комори, пак, очекуваат во следниот период ликвидноста на стопанството да се зголеми. Владата има должност да обезбеди непречено функционирање на државата и услови за функционирање на стопанството, а во таа насока треба да ги подмири обврските кон стопанските субјекти, порачува извршниот директор на Сојузот, Митко Алексов.
„Сметаме дека така и ќе продолжи без разлика дали периодот е изборен или пред предизборен. Очекуваме дека нема да има застој во подмирување на обврските.“
Економските експерти, пак, предупредуваат на можни злоупотреби во предизборниот период. Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини посочува дека владата ќе ги плаќа долговите само кон оние фирми кон кои има интерес.
„Пожарот ќе се гаси само таму каде што ќе се појави“, вели Хајредини.
„Ќе им плати и на оние каде има долгови, зависи што им е предност, што им е од интерес да интервенираат веднаш, ако има пак некоја од градежните компании која бара повеќе може и да ја уценува за јавно да рече владата ми должи.“
Ако се земе предвид поранешното искуство, упатените очекуваат индиректен притисок на владата кон одредени фирми и тоа во насока да не го побаруваат својот долг, а се очекува и да се врши притисок врз вработените да гласаат за одредена партија.
Оние проекти што им се важни за да се види резултат и остварена програма пред граѓаните, тие мислам дека ќе сторат напори да ги платат за да ги држат во кондиција фирмите за да можат да работат.
„Значи оние проекти што им се важни за да се види резултат и остварена програма пред граѓаните, тие мислам дека ќе сторат напори да ги платат за да ги држат во кондиција фирмите за да можат да работат, додека кон оние што не се гледаат, што нема директен ефект врз гласачкото тело мислам дека тешко дека ќе плаќаат.“
Од Сојузот на стопански комори, пак, очекуваат во следниот период ликвидноста на стопанството да се зголеми. Владата има должност да обезбеди непречено функционирање на државата и услови за функционирање на стопанството, а во таа насока треба да ги подмири обврските кон стопанските субјекти, порачува извршниот директор на Сојузот, Митко Алексов.
„Сметаме дека така и ќе продолжи без разлика дали периодот е изборен или пред предизборен. Очекуваме дека нема да има застој во подмирување на обврските.“
Економските експерти, пак, предупредуваат на можни злоупотреби во предизборниот период. Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини посочува дека владата ќе ги плаќа долговите само кон оние фирми кон кои има интерес.
Сметаме дека така и ќе продолжи без разлика дали периодот е изборен или пред предизборен. Очекуваме дека нема да има застој во подмирување на обврските.