На Одделението за патни исправи и лични документи во Куманово врие како во кошница. На сите шалтери и пред секоја врата граѓаните чекаат минимум по половина час. По најмалку десетмина луѓе безмалку залепени еден до друг, испотени и нервозни превртуваат со очите, но немаат избор доколку имаат потреба од документот. Во ходникот е тешко да се пробие и само еден човек, а двајца да се разминат е повеќе од невозможно.
Запрашаните граѓани кои или не се расположени да зборуваат, или се плашат јавно да го искажат револтот па затоа молчат, или пак едноставно не им се зборува, зoшто како што велат ниту Господ не може да им помогне. Објектот одамна е мал и тесен и за граѓаните од сите возрасти и за вработените, не е климатизиран, па сите дишат како на жабри. Од најавата дека ова одделение ќе се дислоцира и ќе се обезбедат нормални услови за сите, се уште нема ништо на виделина.
А граѓаните кои иако чекаат во тешко подносливите услови велат:
„Не ме прашувај! Гледаш! “
РСЕ: Колку време чекате?
„Половина час за пасош да се сликам. Само овде е така, сто години е овој објект.“
РСЕ: Како изгледа да се чека?
„Умирање.“
РСЕ: Вака ли треба?
„Не, подобра атмосфера, клима поголем простор. Една недела чекавме за да дојдеме за сликање.“
„Лошо, видиш! Не би требало да е вака. Не знаеме зошто е така, оти ние сме најситен вид на граѓани. Не треба да е вака.“
РСЕ: Имате закажано?
„Имаме закажано, но веќе половина час како помина терминот, чекаме и ништо. Не важи тоа, во оваа држава ништо не важи“, велат граѓаните.
Редиците и пролонгирањето на закажаниот термин според некои е поради тоа што граѓаните кои се на времена работа во странство годишните одмори ги користат да си обезбедат нови документи. Но, не е само тоа велат вработените и додаваат дека и за нив се годишни одмори, а не мал број од нивните колеги не се ажурни во извршувањето на работните задачи.
Половина час за пасош да се сликам. Само овде е така, сто години е овој објект.Анкетиран граѓанин.
Запрашаните граѓани кои или не се расположени да зборуваат, или се плашат јавно да го искажат револтот па затоа молчат, или пак едноставно не им се зборува, зoшто како што велат ниту Господ не може да им помогне. Објектот одамна е мал и тесен и за граѓаните од сите возрасти и за вработените, не е климатизиран, па сите дишат како на жабри. Од најавата дека ова одделение ќе се дислоцира и ќе се обезбедат нормални услови за сите, се уште нема ништо на виделина.
Лошо, видиш! Не би требало да е вака. Не знаеме зошто е така, оти ние сме најситен вид на граѓани. Не треба да е вака.Анкетиран граѓанин.