Достапни линкови

До патни исправи на кумановски начин


Долги редици и турканици за вадење лични карти во Куманово.
Долги редици и турканици за вадење лични карти во Куманово.

Добивање патни исправи или лични документи во Куманово, во рамките на законскиот рок е како лото. Кумановци и по повеќе од половина година чекаат да добијат еден документ.

Долги редици, турканици, исцрпувачко чекање во ходникот потесен и од најтесниот тунел на светот, најчесто асоцираат на гасна комора тешко поднослива, особено за стари и болни лица и за мали деца. Загарантираниот законски рок за кумановци е мисловна именка.
Сега во средината на јануари поднесов барање за лична карта и добив термин за фотографирање 5-ти октомври 2012–та година, а личната карта ќе биде можеби издадена дури во 2013-та година.
Анкетиран граѓанин.


Тие и по повеќе од половина година чекаат да добијат еден документ, без кој им се оневозможува остварување на сите граѓански права. Просторот е таков каков што бил пред повеќе од половина век, постојани вработувања на нови партиски кадри се недоволни. Се наметнуваат прашања дали тие се необучени за извршување на работните задачи, кои меѓу другото подразбираат и ажурност.

Еден од слушателите на Слободна Европа го раскажува неговото долго патешествие за добивање
Долги редови и турканици за вадење лични докумнети во Куманово, јануари 2012
Долги редови и турканици за вадење лични докумнети во Куманово, јануари 2012
документи.

„Во јануари 2010-та година поднесов барање за извод од матична книга на родените. Четири месеци чекавме за да го добиеме. На ќерка ми и истекуваше рокот за пасошот во април истата година. Тогаш поднесовме барање за пасош, а пасошот е издаден на 3-ти ноемви 2011 година. Бевме спречени да одиме на летување, или
Потпишав барање за согледување на еден објект кој е на подрачјето на Куманово. Не е во центарот, но кој по мое видување ќе биде прилагоден за дислокација на управните служби. Мислам дека тој објект ќе го реши проблемот. Во сегашниот навистина нема услови, просторот е во очајна состојба.
Моме Јакимовски,Сектор за внатрешни работи Куманово.
воопшто да излеземе од државава. Сега е 2012-та година и состојбата е иста“, вели нашиот слушател и додава:

„Сега во средината на јануари поднесов барање за лична карта и добив термин за фотографирање 5-ти октомври 2012–та година, а личната карта ќе биде можеби издадена дури во 2013-та година.“

Незадоволен е особено што:

„Зошто, ако е донесен закон во 2007-та година со кој сите небиометриски пасоши нема да важат од февруари 2012-та година, мојот пасош важи до 2015-та година, но ете ќе поднесам документи за нов пасош, значи ли дека и оваа година нема да имам одмор, летување! Значи, дека ќе бидеме затворени во Македонија!
: Моме Јакимовски, началник на Секторот за внатрешни работи во Куманово
: Моме Јакимовски, началник на Секторот за внатрешни работи во Куманово
Ме интересира зошто ако ние мораме да ги почитуваме законите,​не ги почитуваат и тие што ги донеле, а тоа во случајов е Законот за патни исправи, во кој стои дека лична карта се издава за 48 часа, а патни исправа-пасош за 15 дена. А не за година дена.“

РСЕ: Рековте Куманово е специфично, што мислите каде е проблемот?

„Не знам за тоа, но знам дека со било кој кога зборуваме надвор од Куманово не ни веруваат. Зошто е тоа така надлежните нека дадат
Ме интересира зошто ако ние мораме да ги почитуваме законите, ​не ги почитуваат и тие што ги донеле, а тоа во случајов е Законот за патни исправи, во кој стои дека лична карта се издава за 48 часа, а патни исправа-пасош за 15 дена. А не за година дена.
Анкетиран граѓанин.

одоговор.“

На Одделението за патни исправи и лични документи велат дека техничките услови се такви, нема доволен број вработени кои треба да се распоредат да работат во две смени. Но, некои велат дека и намерно се создаваат вештачки турканици со долгите паузи на дел од вработените.

Од неодамна назначениот началник на Секторот за внатрешни работи во Куманово Моме Јакимовски, вели дека управните служби се во надлежност на МВР-Скопје, иако соработка постои. Тој се согласува дека објектот е несоодветен за таква намена и дека навистина што поскоро треба да се преземат мерки за надминување на овој проблем.

„Потпишав барање за согледување на еден објект кој е на подрачјето на Куманово. Не е во центарот, но кој по мое видување ќе биде прилагоден за дислокација на управните служби. Мислам дека тој објект ќе го реши проблемот. Во сегашниот навистина нема услови, просторот е во очајна состојба. Знам дека има и други разгледувања, а се надевам дека до лето ќе се растовари и ќе се надмине проблемот“, вели Јакимовски.

Меѓутоа, поголем број граѓани не само на Општината Куманово,туку и на соседните Липково и Старо Нагоричино ќе останат без лични документи за кои уплатиле. Многумина реагираат дека рокот на старите документи не е истечен, а тие се принудени да создаваат трошоци за нови, па ако државата така одлучила зошто тие документи не им ги издава бесплатно.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG