Долги редици, револт и турканици во тесниот ходник на Одделението за патни исправи и лични документи во СВР Куманово e секојдневна слика по новогодишните празници. Не може ниту игла да се пушти, а разминување на луѓето за влегување и излегување е вистинска уметност.
Рокот за употреба на старите лични карти е 27 февруари, но по неколкучасовно чекање на жителите не само од Општината Куманово, туку и од соседните Липково и Старо Нагоричино термини за фотографирање се добиваат за јуни. Вработените во Одделението велат дека тие работат нормално а организациониот процес не е во нивна надлежност.
„Ова е луда работа. Од сабајле до сега чекав за една лична карта да сменам. Само еден човек ставиле и тој не може да постигне се. Колоната е со метри. Треба некои работи да се сменат, а рокот е краток. Мене ми се влоши и да не ми даде еден дечко бонбона ќе се онесвестев.“
РСЕ: Вие колку време чекавте?
„Трет пат доаѓам. Доаѓав попладне и сега од сабајле, за по три часа чекање да ми закажат за 13 јуни. Како ќе ги вршиме работите, не знам. Ќе видиме!“
„Чекам два-три часа.“
РСЕ: Како може да се надмине овој проблем?
„Владата треба да го регулира ова. Не сум видел дали некој преку ред поминува.“
„Од сабајле од 9 часот чекам, и уште сум на крајот. Тешко. Треба да работат два-три шалтери.“
„Само тие горе знаат. Ние не знаеме ништо. Треба брзо да се работи.“
„Од 8 часот чекав надвор. Тие не работат.“
РСЕ: Мислите дека не работат или процедурата е комплицирана?
„Не работат. Да работат не би било вака“, велат револтираните кумановци кои немаат друг избор освен да бидат упорни и истрајни во предавање на документите за добивање термин за сликање за лична карта.
На ова Одделение постојано има турканици. Техничките услови се далеку од сите стандарди, не само за граѓаните, туку и за вработените во Одделението. И тие, како што велат, непријатно се чувствуваат, но не зависи од нив. Тие додаваат дека се надеваат на некаква реорганизација и подобрување на севкупниот систем на работа, со која сите ќе бидат задоволни.
Останува отворено прашањето дали оние кои по половина година ќе добијат нови лични карти до тогаш ќе можат да го докажуваат идентитетот со старите. Министерката Гордана Јанкулоска барем до сега не најави никаква алтернатива.
Ова е луда работа. Од сабајле до сега чекав за една лична карта да сменам. Само еден човек ставиле и тој не може да постигне се. Колоната е со метри. Треба некои работи да се сменат, а рокот е краток. Мене ми се влоши и да не ми даде еден дечко бонбона ќе се онесвестев.Анкетиран граѓанин.
Рокот за употреба на старите лични карти е 27 февруари, но по неколкучасовно чекање на жителите не само од Општината Куманово, туку и од соседните Липково и Старо Нагоричино термини за фотографирање се добиваат за јуни. Вработените во Одделението велат дека тие работат нормално а организациониот процес не е во нивна надлежност.
„Ова е луда работа. Од сабајле до сега чекав за една лична карта да сменам. Само еден човек ставиле и тој не може да постигне се. Колоната е со метри. Треба некои работи да се сменат, а рокот е краток. Мене ми се влоши и да не ми даде еден дечко бонбона ќе се онесвестев.“
РСЕ: Вие колку време чекавте?
„Трет пат доаѓам. Доаѓав попладне и сега од сабајле, за по три часа чекање да ми закажат за 13 јуни. Како ќе ги вршиме работите, не знам. Ќе видиме!“
„Чекам два-три часа.“
Од сабајле од 9 часот чекам, и уште сум на крајот. Тешко. Треба да работат два-три шалтери.Анкетиран граѓанин..